КАФЕ ПАУЗА

Пет познати пирамиди кои не се наоѓаат во Гиза

Пет познати пирамиди кои не се наоѓаат во Гиза

Кога станува збор за египетските пирамиди, најпознати се трите пирамиди кои се наоѓаат во Гиза од кои најголема е Кеопсовата. Но, дали знаевте дека во Египет постојат околу 118 пирамиди? Во продолжение прочитајте повеќе информации за пет од нив.rnrnПет познати пирамиди кои не се наоѓаат во Гизаrn

Џосерова пирамида

rnВладетелот Џосер најверојатно бил основач на Третата династија, околу 2690 п.н.е.. Овој владетел го обединил цел Египет, а самиот тој сметал дека ова треба да се обележи со еден споменик. Резултатот е скалеста пирамида која сè уште се издига на висина од околу шеесет метри над песочните дини. Има вкупно шест нивоа, а во центарот е сместен саркофагот во кој мирно почива Џосер веќе неколку илјади години.rnrnПет познати пирамиди кои не се наоѓаат во Гизаrn

Пирамидата на Снофру

rnФараонот Снофру, основачот на Четвртата династија, изградил не само една, туку најмалку три пирамиди. Пирамидите се наоѓале во Дахшур, а најдобро зачувана е т.н. „свиткана пирамида“ која се разликува од останатите поради необичниот облик. Имено, таа има наклон од 54 степени, а горниот дел е со поостар наклон од 43 степени, при што го добила препознатливиот „свиткан“ облик. Според историчарите, фараонот се разболел и сакал да ја заврши пред да настапи неговата смрт, па затоа крајниот резултат бил чуден. Но, фактот дека опстоила низ вековите зборува за нејзиниот квалитет.rnrnПет познати пирамиди кои не се наоѓаат во Гизаrn

Пирамидата во Медиум

rnПирамидата во Медиум е една од првите пирамиди во историјата, а таа е воедно и првата рамна пирамида. За жал, нејзината надворешна обвивка од варовник е срушена оставајќи ја изложена нејзината внатрешна структура што ѝ дава чуден изглед. Се претпоставува дека владетелот Хуни ја нарачал нејзината изградба, а таа била довршена за време на владетелот Снофру. Најверојатно дизајнот на пирамидата бил променет во текот на нејзиното градење поради нестабилноста на почвата.rnrnПет познати пирамиди кои не се наоѓаат во Гизаrn

Црвена пирамида

rnПо серијата неуспешни обиди за изградба на пирамидата, ова е првата успешна пирамида на Снефру, Позната е како „северна“ или „црвена“ поради црвеникавата боја на надворешните варовнички блокови. Иако сè уште не е пронајден саркофагот на Снефру, можно е неговите останки да лежат токму овде.rnrnПет познати пирамиди кои не се наоѓаат во Гизаrn

Пирамида на Ниусере

rnНиусеревата пирамида била изградена од фараонот Ниусере Ини, владетел на Петтата египетска дестинација кој завршил неколку пирамиди кои претходните фараони ги оставиле недовршени. Потоа, тој започнал со градење на сопствена пирамида која се наоѓа во комплексот со некрополи во Абусир. За жал, неодржувањето и крадците придонеле за нејзиниот изглед денес.rnrnПет познати пирамиди кои не се наоѓаат во ГизаrnrnОткако прочитавте и за други пирамиди кои не се дел од комплексот во Гиза, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те изуми на древните Египќани без кои не можеме денес.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr