Матео Стуки е слаткар од Монца, Италија, кој создава прекрасни светови користејќи само десерти и истите ги надополнува со интересни фигури.rn
„Изгледот на десертот е исто толку важен како и неговиот вкус“, вели Матео и ние би се согласиле со него.
rnНиз неговите десерти може да се сретнат мали градови, панорамско тркало и уште многу повеќе – неговата имагинација нема граници. Кај него до израз доаѓа неговото трпение, затоа што на секој дел посветува големо внимание. Но, неговите напори не остануваат незабележани. За само неколку месеци тој стигнал до околу 35.000 фанови и тој број постојано расте. Погледнете ја галеријата која ќе ви ги прикаже генијалните дела на овој неверојатен слаткар.rnrn
rnrn
rnrn

































