Некои работи толку многу време се во употреба што не сме ни свесни како и кога некој ги измислил. Древната египетска цивилизација е позната по многубројните изуми кои се користат и денес, а ова се само дел од нив.rnrn
rn
Календар
rnИако може да ни се чини дека поделбата на годината на денови е нешто што отсекогаш постоело, сепак календарот за прв пат бил употребен кај Египќаните кои го креирале за да можат да ги следат земјоделските сезони. Благодарение на календарот тие можеле да ја предвидат следната поплава која би ја предизвикал Нил. Интересен факт е дека календарот бил составен од 12 месеци, а секој месец броел 30 дена. Иако, календарот претрпел промени во текот на историјата, сепак Египќаните ги поставиле темелите на оној што го користиме денес.rn
Мастило и папирус
rnСтарите Египќани секогаш барале начин како да ги документираат настаните, па од тука се родила потребата за мастило. Првото мастило било создадено со помош на мешавина од растителна гума, пепел и пчелин восок, а наместо хартија се користел папирус.rn
Шминка
rnСигурни сме дека повеќето од вас би помислиле дека шминкањето е прилично модерна работа, ама вистината е малку поинаква. Шминката за очи била измислена пред новата ера, а настанала со мешање на пепел и галенит за да се добие специјална црна смеса која потоа се користела како молив за очи. Не само жените, туку и мажите ја користеле шминката во древниот Египет и претставувала статусен симбол, но се користела и за религиозни цели. Старите Египќани верувале дека шминката ќе ги заштити од злите демони.rn
Фризури и бричење
rnДревните Египќани биле првиот народ во историјата кој почнал да ја потстрижува косата. Долгата коса се сметала за знак на неодржување хигиена, особено ако се земе предвид египетската жештина. Поради тоа, се развил трендот на бричење или носење кратка коса при што биле измислени и првите „жилети“. Секако, тие изгледаат многу поразлично од оние денес, но целата таа култура започнала токму во стариот Египет.rn
Брави
rnМожете ли да замислите дека некогаш не постоеле брави на вратите? Првата брава била измислена токму од страна на Египќаните, а била дизајнирана на начин што би се отворала со поместување на соодветен клуч. Сепак, со оглед на тогашното знаење и технологија, бравите биле многу поразлични од денешните – биле големи околу половина метар и биле тешки и гломазни.rnrnОткако прочитавте за 5-те изуми на старите Египќани, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те нерешени мистерии од древниот Египет.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr