Овие пет градови се големи и се значајни во своите земји. Сите тие имаат долги патишта и модерни згради, но сето тоа е направено во хармонија со природата. Било посветено големо внимание на одржливиот развој и градовите сега изгледаат неверојатно.rn
1. Копенхаген
rn
rnrnСо текот на годините, данската престолнина освои многу награди поврзани со екологијата. Со одличната инфраструктура за велосипедизам и можноста за пливање речиси во центарот на градот, тешко е да не бидете фасцинирани. Исто така, има многу зеленило, па Копенхаген е град целосно скроен по мерка за човекот.rn
2. Ванкувер
rn
rnrnОвој канадски град е сместен веднаш до Тихиот Океан и до дивите планини на Британска Колумбија и има природна предност кога е во прашање одржливоста. Користејќи обновлива енергија и хидроенергија, воздухот во градот е свеж и чист и за разлика од многу северноамерикански градови, Ванкувер промовира и урбан начин на живот, што покажува дека неговите улици се преполни со живот. Во Ванкувер има двесте паркови, од кои најимпресивен е паркот Стенли.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
3. Амстердам
rn
rnrnГрадот одамна е синоним за велосипедизам, „прошаран“ е со канали, па не треба да ве изненадува тоа што е еден од најзелените градови во светот. Посетете го обновениот поранешен индустриски центар на „Амстердам Норд“ и опуштете се покрај водата или истражете ги руралните предели. „Норд“ стана и креативен центар на градот, каде е можно да се посетат многубројни галерии, ресторани итн.rn
4. Сингапур
rn
rnrnИако најчесто се поврзува со сјајни облакодери и екстремна чистота, Сингапур е најзелениот азиски град. Како мал остров без природни ресурси, тој сепак најде начин за иновација заснована врз екологијата. За локалното население, градините на покривите на зградите одамна станаа начин на живот. Ако патот ве носи таму, не само што ќе ги погледнете блескавите облакодери, туку ќе уживате и во зеленилото.rn
5. Рејкјавик
rn
rnrnИако не е премногу голем (има 115 000 жители), Рејкјавик е одличен пример за град кој користи обновливи извори на енергија. Топлата вода, греењето и електричната енергија доаѓаат од хидроцентрали и геотермални извори. Тоа значи дека можете да уживате во топли извори, загреани надворешни базени и свеж воздух. Најхрабрите може да ја посетат геотермалната плажа Наутолсвик, каде се среќаваат ладното море и топлата геотермална вода.rnrnПогледнете ги 6-те најубави мостови на светот.
