Сонуваме за голем успех и финансиска независност проследена со гордоста во очите на нашите родители. Еве што сè посакуваме да ни се оствари во нашите 20-ти.
rn
1. Добивање на првата плата од постојана работа
rnИако сме благодарни и горди на парите кои сме ги заработиле од сезонските работи, гордоста е голема да се трошат парите од нашата прва, стабилна и постојана работа.rn
2. Посета на доктор со сопствено здравствено осигурување
rnНе здравствено осигурување на име на родителите, туку здравствено осигурување од вашата постојана работа како возрасни и независни.rn
3. Селење во сопствен стан/дом
rnКаде не можете да очекувате вашата мајка да го среди нередот по вас, вие сте задолжени самите за себе.rn
4. Финансиска независност
rnСвои финансии, моќ за располагање со нив, но и разум за правилно однесување со парите.rn
5. Имање заштеда
rnКолку и да е тешко да се тргне на страна некој денар, успех е ако почнете да штедите во вашите 20-ти.rn
6. Првата сериозна врска
rnКоја трае најмалку една година и во која и двете страни се однесуваат како возрасни личности, а не како тинејџери. Можеби ќе заврши со брак, можеби нема.rn
7. Одење на вистински одмор
rnОна што секој 20-годиншник го сака е одењето на вистински одмор, сместување во хотел накитен со повеќе ѕвездички и гардероба купена специјално за одморот.rn
8. Стекнување навика за правилна исхрана
rnДа се храниме како возрасни, не со хамбургери, тостови и шпагети. Да знаеме да си зготвиме нешто добро, нешто како она што сме го јаделе дома.rn
9. Купување кола со сопствени финансии
rnЗборуваме за голем успех кој секој од нас го посакува. Да може да му ја подариме колата што ни ја купиле родителите на помалиот брат и да возиме низ градот со сопствен кул автомобил…rn
10. Вложување на првата инвестиција
rnМоже да биде и многу мала, но да направиме некоја инвестиција за нашата иднина.rn
11. Правење голем чекор кон созревање
rnКако на пример, ослободување од тинејџерската облека или премачкување на собата во друга боја. Сакаме да останеме деца во душата, но и да созрееме.rn
12. Првата успешна расправа за покачување на плата
rnСметате дека иако сте млади заслужувате покачување и унапредување, собирате храброст и влегувате во канцеларијата на шефот… па нека биде што биде.rn
13. Да ги почастите родителите со вечера
rnДа ги изнесете родителите на вечера а кога ќе дојде сметката вие да посегнете по неа, за промена.rn
14. Јавно објавување на некој свој труд
rnКнига, научно излагање, јавен говор и сл. Нешто во што сме вложиле многу труд и сакаме да го видиме нашето име на првата страница.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

