Живееме во свет полн со спектакуларни места кои чекаат да бидат откриени, па така поривот да се патува по светот се должи на нашата исконска потреба од нови искуства и доживувања. Во продолжение прочитајте го нашиот список на најубавите цитати за патување и талкање кои сме сигурни дека уште повеќе ќе ви ја разгорат страста да се впуштите во нова авантура!rnrn
rn
„Не сите оние кои талкаат се изгубени.“ – Толкин
rn
„Еднаш годишно отидете некаде каде што никогаш не сте биле порано.“ – Далај Лама
rn
„Живејте без изговори, патувајте без жалење.“ – Оскар Вајлд
rn
„Со староста доаѓа мудроста. Со патувањето доаѓа разбирањето.“ – Сандра Лејк
rn
„Вистинското патување не се состои во откривање нови пејзажи туку откривање нови светогледи.“ – Марсел Пруст
rn
„Преку патувањето доаѓате до сознание дека секој од нас греши кога се работи за другите земји.“ – Олдус Хаксли
rn
„Ако ја презирате храната, ги игнорирате обичаите, се плашите од религијата и ги избегнувате луѓето, можеби е подобро да останете дома.“ – Џејмс А. Мишенер
rn
„Соло патувањето не секогаш значи дека сте сами. Најчесто, по патот среќавате прекрасни луѓе со кои воспоставувате врски кои траат цел живот.“ – Жаклин Бун
rn
„Доколку ни беше судено да останеме на едно место, ќе имавме корени наместо стапала.“ – Рејчел Волчин
rn
„Подобро да видите нешто еднаш со своите очи, отколку да слушнете за него илјада пати.“ – Азиска поговорка
rnОткако ги прочитавте најубавите цитати за патувањето, можеби ќе сакате да прочитате и инспиративни цитати за паровите кои сакаат да патуваат.rnrnИзвор: passportsymphony.com