Без разлика каде сте во вашиот живот, желбата за лутање е нешто што секогаш постои. Сакате да го видите светот, а ако имате среќа сигурно и вашиот партнер го посакува тоа. Вашите патувања секогаш се незаборавни, па дури и тоа да е краток викенд во соседниот град. Овие цитати ќе ја разбудат вашата желба за патување и можеби ќе ве инспирираат да отидете на нова авантура со партнерот.rnrn
rn
„Светот е книга, а оние кои не патуваат читаат само една страница“ – Свети Августин
rn
„Каде и да одите, тоа место станува дел од вас.“ – Анита Деаси
rn
„Патувањето ги враќа моќта и љубовта во вашиот живот.“ – Руми
rn
„Патувајте доволно далеку и ќе се сретнете себеси.“ – Дејвид Мичел
rn
„Јас не сум истата личност откако ја видов месечината како сјае на другиот крај од светот.“ – Мери Ан Радмашер
rn
„Дестинацијата на некого никогаш не е место, туку нов поглед кон нештата.“ – Хенри Милер
rn
„Постои некоја магија во одењето далеку и враќањето како нова личност.“ – Кејт Даглас Вигин
rn
„Најчесто, убавината се наоѓа во наједноставните нешта.“ – Вина Ефенди
rn
„Не знаев дека светот може да биде толку многу убав.“ – Џустина Чен
rn
„Тоа не беше чудно место, тоа беше ново место.“ – Пауло Коелјо
rn
„Патувањето е дестинацијата.“ – Ден Елдон
rn
„Велат дека животот е автопат и сите патуваме по нашите патишта. Некои добри, некои лоши, но секој од нив е посебен благослов.“ – Џес Бринџулсон
rn
„Најдобриот начин да запознаете еден град е да го изедете.“ – Скот Вестерфелд
rn
„Патување – ве остава без зборови, а потоа ве претвора во раскажувач на приказни.“ – Ибн Батута
rn
„Патуваме не за да избегаме од животот, туку да не му дозволиме тој да избега од нас.“ – непознат автор
rn
„Патувањето е најдоброто училиште. Го гледате светот низ други леќи. Сфаќате дека вашиот дом не е единствената реалност, постојат многу.“ – Марк Патерсон
rn
„Кога патувате, стариот истрошен куфер раскажува само половина од приказната.“ – Вирџинија Алисон
rn
„Моите пријатели повеќе не ме прашуваат како сум, туку каде сум.“ – Луџин Хеслер Хамонд
rn
„Светот што го знаеме е полн со светови што не ги знаеме. Зошто да не ги истражиме сите?“ – Ерика Ференик
rn
„Патувањето е единственото нешто што ве прави побогати.“ – Непознат автор
rn
„Кога си дозволуваме да истражуваме, откриваме дестинации кои никогаш не биле на нашата мапа.“ – Ејми Кауфман
rn
„Патувањето не станува авантура сè додека не оставите сè зад вас.“ – Марти Рубин
rnПрочитајте ги и овие цитати кои сигурно ќе ве натераат да ги спакувате куферите.
