КАФЕ ПАУЗА

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго време

Го пропуштивте маратонот оваа година, но затоа дозволивте да ве инспирира и да ве поттикне и вие да почнете повторно со џогирање после долго време? Доаѓа лето, времето е убаво, па зошто да не се искористи продуктивно? Полни сте со ентузијазам, но забележувате дека работите не одат баш како што сте очекувале. Ова се 14-те фази низ кои сигурно ќе поминете доколку одново почнувате со џогирање после 100 години…rn

1. Неподнослива неизвесност

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnАлармот се вклучува. Си дозволувате да притиснете снуз само еднаш. „Ќе направам нешто корисно за себе денес“, си шепотите со ревносна одлучност. „Ова е инвестиција во мојот живот.“ Станувате. Сè ве боли, а не сте ни почнале. Сепак дел од вас е возбуден дека ова утро е утрото кога ќе го заслужите правото да се чувствувате морално супериорни во однос на сите околу вас, затоа што таков ефект има вежбањето.rn

2. Се облекувате

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnНиту една од вашите комбинации за вежбање не ви стои баш најдобро, затоа што последниот пак кога сте ги облекле било во вашиот претходен живот кога сте биле човек кој понекогаш носел спортска облека. „Сè ќе биде во ред“, се тешите себеси додека маичката ви се крева нагоре, а тренерките ви се спуштаат надолу.rn

3. Загревање

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnЗа еден краток блескав момент вие сте буквално и фигуративно Херкулес.rn

4. Почнувате со трчање

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnОдеднаш се соочувате со реалноста за вашите физички способности. Без оглед на сè вие сте решени да истраете. Вие сте гепард. Вие сте прекрасен коњ кој галопира. Вие дефинитивно нема да умрете од умор.rn

5. Белите дробови ви излегуваат низ нос

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnОва не се случува навистина, ама така се чувствувате.rn

6. Одење

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnПочнувате со одење и се тешите дека тоа е дури и подобро од трчањето според некои доктори. Колената не се напрегаат толку. Не е толку застрашувачко за луѓето кои отишле на прошетка. Нема ништо срамно во тоа да се пешачи.rn

7. Втор обид

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnЕ сега сте брзи како стрела! Ова секако не се случува навистина ама се преправате дека се случува и повторно почнувате да џогирате. Мало дебелко куче ве претекнува.rn

8. Ви се спуштаат тренерките

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnСè оди нагоре-надолу и одеднаш трчате голи со маичката на глава и вашите тренерки спуштени до глуждови како некој идиот кој помислил дека трчањето е добра идеја.rn

9. Уште одење

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnНајискрено, за да стекнете кондиција да можете без проблем да истрчате 2 километри, треба наизменично да трчате и да одите. Ова е 100% вистина и во никој случај не сте тотален губитник поради тоа што пешачите сега. Кому му е грижа за девојката која поминува покрај вас како газела? Таа е на нејзиниот животен пат, а вие на вашиот. А вашиот вклучува пешачење. Прекрасно пешачење.rn

10. Се убедувате пак да џогирате

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnВо ред, време е пак да почнете со џогирање. Да, навистина. Не ни дишете отежнато повеќе. Би можеле слободно да разговарате со ова темпо и да бидете супер. Најверојатно не би го направиле тоа, ама би можеле, а најважно е слаткото ветување што го нудат можностите.rn

11. Продолжувате да се убедувате пак да почнете со џогирање

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnСе сеќавате на моментот кога се разбудивте утрово? Тогаш бевте друг човек. Имавте цели. Имавте надеж. Сè уште го немавте доживеано ужасот што сега ви е добро познат. Немојте да го разочарате тој човек. Бидете онаа личност што ѝ била потребна на таа личност од утрото.rn

12. Почнувате пак со некакво си џогирање

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnЕдно време вие бевте сигурни дека би можеле да преживеете апокалиптичен настан, како на пример ако одеднаш се појават зомбиња или ако еден куп генетички напредни мајмуни избегаат од локалната лабораторија и почнат да ги напаѓаат луѓето, но сега ви е јасно дека едноставно не би преживеале.rn

13. Се ладите

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnВреме е за ладење така? Колку време го правевте ова? Сигурно поминало најмалку еден час. Сигурно не поминале само 15 минути како што вашиот лажлив часовник тврди.rn

14. Кафе и крофна

rn14 фази низ кои поминуваат оние кои решиле да џогираат после долго времеrnrnУспеавте. Отидовте да трчате утрово. Херкулес би бил горд на вас. Заслуживте една голема сочна калорична крофна. За да си ја вратите енергијата, не за друго.