Знаете ли дека од конзерва можете да направите часовник или полица за накит? Наместо да ја фрлите во канта, одлучете да направите нешто убаво од неа – не само што ќе ѝ олесните на нашата планета туку и ќе го декорирате домот. Вин-вин ситуација.rnrnЛимените конзерви се дел од сечие секојдневие, но после нивната употреба ги доживуваме како отпад. Ако имате квалитетен отворач и знаете да ги избрусите нивните остри рабови, од конзервите можете да направите што сакате. Измијте ја конзервата, добро исушете ја и внимателно избрусете ги нејзините остри рабови за на крај да се посветите на креативното создавање.rn
1. Свеќник
rnНалијте восок, додадете фитиљ и создадете ваш сопствен свеќник.rnrn
rn
2. Полица за накит
rnПрекрасна идеја и нов начин за чување накит.rnrn
rn
3. Елегантни садови за сол и зачини
rnДајте ѝ грациозен и елегантен изглед на вашата трпезарија со вакви убави садови.rnrn
rn
4. Прстени за прибор за јадење
rnМногу внимателно свиткајте го алуминиумот од конзервата и направете прстени за приборот за јадење.rnrn
rn
5. Перниче за игли
rnОд обична конзерва и малку материјал и сунѓер ќе добиете супер перниче за игли.rnrn
rn
6. Минијатурни полици
rnЗалепете разни лименки на ѕидот и користете ги како полици.rnrn
rn
7. Абажур за столна ламба
rnУште една одлична идеја е од старата ламба да си направите абажур.rnrn