Потребни ви се идеи за декорирање на ѕидовите? Тие не мора да бидат празни, бледи и досадни. Можете да ги украсите и претворите во прекрасни автентични ремек-дела! Во продолжение ќе ви претставиме неколку совети што ќе ви помогнат да го реализирате овој „проект“.rnrn
rnrnНајдобриот дел од декорирањето на ѕидовите е тоа што е лесна постапка и не мора да биде скапа, а ќе донесе свежина и разиграност во домашниот простор. На овој начин можете да го оживеете секој ѕид во која било просторија со помош на галерии, а при уредувања на тие квадрати можете да ги следите неколкуте совети што ќе ви ги кажеме за да имате подобри резултати.rn
1. Почеток
rnДодека ги разгледувате понудите во продавниците во потрага по реквизити, имајте на ум 3 работи: големината на ѕидот што сакате да го уредите, големината на предметите што сакате да ги закачите и шема на боите. Боите нека бидат во согласност со вашиот дом, а додека се одлучувате, одлучете се за она што го сакате.rn
2. Одбирање на основни предмети
rnНајдобар начин за да започнете со правење ѕидни галерии е кога ќе одберете основен предмет – парче што ќе се истакнува од останатите. Тој не мора да биде во средината на ѕидот, но треба да биде предмет којшто ќе го привлекува вниманието повеќе од другите предмети. Основниот предмет може да биде некое занимливо огледало, некој натпис, ѕиден тапет односно што било коешто ќе се истакнува според вашиот вкус. Откако ќе го смислите основниот предмет почнете да ги одбирате останатите парчиња во зависност од големината на просторот којшто го имате на располагање. Внимавајте тие предмети да бидат складни со основното парче и да го надополнуваат.rn
3. Уредување
rnОткако ќе ги изберете сите предмети за вашиот ѕид, обликот од секој од нив можете да го исечете од хартија и тие исечени облици да ги сложите на вашиот под или маса и да ги распоредите како што ви одговара најмногу. После тоа вашите идеи претворете ги во дело и закачете ги предметите на вашиот ѕид.rn
Бескрајни можности
rnЅидовите со галерија се наједноставен начин да внесете бои и мостри во вашиот дом. Љубителите на уметноста имаат можност на едно место да ги покажат своите дела, ја „убиваат“ досадата на големите празни ѕидови и се една одлична прилика секоја личност да ја покаже својата индивидуалност во сопствениот дом. На нив можете да ставите уметнички дела, но и фотографии како и други различни предмети. Можностите се бескрајни, а со малку повеќе вложен труд вашиот ѕид ќе стане најкреативен и најинтересен дел од вашиот стан или куќа.rnrnАко сте во потрага по инспирација, погледнете ги следниве фотографии на ѕидови чиишто сопственици ги претвориле во галерии.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие генијални начини за искористување на шолјите за кафе како декорација во домот.