КАФЕ ПАУЗА

Колку време треба да помине по раскинувањето за повторно да бидете во врска?

Колку време треба да помине по раскинувањето за повторно да бидете во врска?

По раскинување, можеби ќе чувствувате дека никогаш веќе не сакате да верувате на друга личност. Дури и кога врската не е функционална, речиси и да не постои безболно раскинување. Наместо да се фокусирате на раскинувањето, фокусирајте се на настаните што се случиле за време на врската и откријте во каква личност сте се претвориле додека бевте со партнерот. Ако успеете да го направите тоа, веројатноста да паднете во депресија е многу помала. Ако по раскинувањето сакате да влезете во нова врска, поставете си ги овие 7 прашања за да откриете дали сте подготвени за тоа.rnrnКолку време треба да помине по раскинувањето за повторно да бидете во врска?rn

1. Дали се чувствувате подготвено да одите на состанок со друга личност?

rnКога ќе имате можност да одите на состанок со некоја личност, многу е важно дали вие се чувствувате подготвено за тоа. Ако не сте подготвени, во никој случај не е добро да го направите тоа поради притисокот што ви го прават пријателите или само за да им докажете дека сте ја преболиле старата љубов.rn

2. Како се чувствува вашето тело кога размислувате да кажете „да“ на излегување со нова личност?

rnАко сте нервозни или возбудени затоа што ќе излегувате со нова личност, тоа може да биде добар знак. Пеперутките во стомакот сугерираат дека таа личност можеби ќе ви се допадне, но ако при помислата да излезете со некого чувствувате одбивност, најверојатно не е време за нова врска.rn

3. Дали чувствувате потреба да ја споредувате новата личност со поранешниот партнер?

rnАко вашиот поранешен партнер бил лоша личност и ужасно се однесувал кон вас, тогаш во ред е да се трудите да ги процените карактерот и однесувањето на новите потенцијални партнери. Но, и ако покрај сите лоши работи што сте ги преживеале со поранешниот партнер, размислувате дека новиот потенцијален партнер не е толку добар, паметен, интересен или интелигентен како вашиот поранешен партнер, тогаш сè уште сте заглавени во минатото и можеби ви треба време за повторно да верувате во среќен крај со квалитетен партнер.rn

4. Дали сте во состојба објективно да ја анализирате претходната врска и да преземете одговорност за вашите постапки што придонеле за раскинување?

rnАко сè уште не сте во состојба да видите што беше причината за крајот на претходната врска, не сте во состојба да започнете нова врска. Треба да бидете свесни кој сте вие и како придонесувате во врската, па тогаш ќе бидете подготвени да продолжите понатаму.rn

5. Дали сте во нова врска затоа што ви се допаѓа партнерот или само за да го направите поранешниот партнер љубоморен?

rnАко сакате да влезете во нова врска за да го направите поранешниот партнер љубоморен, дефинитивно не е време за нова врска. На овој начин оставате погрешен впечаток, а уште полошо е што го искористувате новиот партнер само за да го направите поранешниот партнер љубоморен.rn

6. Дали излегувате со некого само за да ја пополните празнината што настанала по раскинувањето?

rnПразнината што ја чувствувате по раскинувањето е болна, но треба да научите како да ја пополните сами, без да се обидувате да најдете некој друг да го направи тоа. Да поминувате повеќе време со вашите пријатели е еден од начините како да ја пополните празнината, но сепак, мора сами да го надминете тој период и да созреете.rn

7. Дали излегувате затоа што ви треба потврда од некого дека сè уште сте привлечни, секси и посакувани?

rnАко го правите тоа само затоа што ви треба потврда од другите, тогаш време е малку да поработите на себе. Додека бевте во врска, можеби сте го изгубиле чувството кој сте вие самите како личност додека сте без партнерот. Сè додека не можете сами да ја процените вашата внатрешна вредност, погрешно е да барате од другите да го направат тоа.rnrnПрочитајте колку долго трае болката по раскинувањето.