9 идеи за љубовен состанок со саканиот кога времето е студено

Сподели

Зимата е веќе на прагот и сигурно сè помалку ви се излегува на студеното време. Во овој период не можете да одите на прошетка, да возите велосипед или да правите што било на отворено со саканиот. Па затоа, погледнете ги овие предлози за состанок кои се одлични кога надвор е навистина студено.rn

Реклама

1. Одете на кино

rnЗошто да не ја замените вообичаената ноќ со нешто ново? Одете во кино и погледнете некој од најновите филмови. Се разбира дека е поскапо отколку да останете дома, но ова ви е можност да ја промените средина без да бидете изложени на студот.rn

2. Посетете музеј

rnАко уживате во уметноста, тогаш одлично. Ако не, побарајте некоја интересна изложба која ќе ви го подобри расположението.rn

3. Одете во театар

rnСакате нешто подинамично? Упатете се кон театарот и изгледајте некоја претстава. Исто така можете да побарате дали има и некое стендап шоу кои ќе ве насмее и ќе ве стопли.rn

4. Играјте ласертаг

rnАко сте поактивни, ова е одличен состанок за вас. Овој спорт е веќе достапен и кај нас, па зошто да не му дадете шанса?rn

5. Прошетајте во некој трговски

rnУпатете се кон некој затворен трговски центар и шетајте низ продавниците. Нема потреба да купувате ништо, а сепак ќе си поминете одлично.rn

6. Посетете засолниште за животни

rnПобарајте во вашиот град засолниште за животни, или пак одете во продавница за миленичиња. Кој знае, можеби ќе си заминете дома со нов пријател.rn

7. Имајте долга и убава вечера

rnАко сакате тивка вечер со вашиот партнер, но не сакате да останете дома, упатете се кон некој убав ресторан. Нема потреба од ништо луксузно или гламурозно, доволно е да сте заедно и да уживате.rn

8. Заедно посетувајте некој курс

rnПронајдете кои курсеви се одржуваат и заедно посетете некој. Без разлика дали е тоа за цртање или пишување. Ќе си поминете одлично, а можеби ќе се појави и некој скриен талент.rn

9. Останете дома под ќебе

rnСе разбира, нема ништо лошо во тоа да останете дома и цела вечер да не правите ништо, топлејќи се под ќебето. Направете пуканки, подгответе нешто за пиење и релаксирајте се.

Ако ви се потребни уште идеи, погледнете ги и овие предлози за уникатен состанок.

Најново

Може ќе ве интересира