Оваа малку позната молитва била напишана од страна на Антоан де Сент Егзипери, писателот зад ремек-делото „Малиот принц“ за време на еден од најтешките моменти во неговиот живот. Таа ќе ве потсети што навистина е важно во животот и без сомнение ќе ве натера да се замислите, додека истовремено ќе ве допре и до душата.rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnБоже, јас не се молам за чуда и визии, јас само барам сила за моите денови. Научи ме на уметноста на малите чекори. Направи ме мудар и снаодлив, за да можам да најдам важни откритија и искуство помеѓу разновидноста на деновите.rnrnПомогни ми да го користам моето време подобро. Претстави ми го чувството да бидам способен за одлука без разлика дали таа е важна или не. Јас се молам за моќта на дисциплината и умереноста, не само за да се водам низ животот, туку исто така и да ги живеам моите денови разумно и да ги набљудувам неочекуваните задоволства и подеми.rnrnСпаси ме од наивното верување дека сè во животот мора да тече лесно. Дај ми ја трезвената свесност дека потешкотиите, неуспесите, фијаското и препреките ни се дадени од самиот живот за да ни помогнат да растеме и созреваме. Испрати ми ја вистинската личност во вистинскиот момент, која ќе има доволно храброст и љубов за да ја изговори вистината.rnrnЈас знам дека моите проблеми нема сами да се решат, па затоа научи ме на трпение. Ти знаеш колку ни е потребно пријателството. Направи ме вреден за најдобрите, најтешките, најризичните и најкршливите подароци на животот.rnrnДај ми доволно имагинација да бидам способен да споделам со некој барем малку топлина, на вистинското место, во вистинското време, со зборови или со тишина. Поштеди ме од стравот дека го пропуштам животот. Не ми ги давај оние нешта што ги посакувам, туку оние што ми требаат. Научи ме на уметноста на малите чекорите!rnrn[/message_box]
Нежна молитва од Антоан де Сент Егзипери која ќе ве допре до душата
