КАФЕ ПАУЗА

Фризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народот

Фризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народот

Само во Велика Британија 1,3 милиони жени биле жртви на домашно насилство во 2016-та година. Но оваа бројка сигурно е поголема бидејќи многу жени молчат за насилството. Властите се обидуваат да ги охрабрат жените и мажите да проговорат за овој проблем со цел да им помогнат и да добијат правда.rnrnФризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народотrnrnТокму ова и го направил еден фризер. Во неговиот фризерски салон дошла жена која била прекриена со модринки и чудно пострижена коса. Фризерот Енди Мендоза бил збунет од изгледот на жената, па на шега ја прашала да не учествувала во некоја тепачка. Како што почнал да ѝ ја средува косата, Енди се шокирал кога открил дека младата жена речиси била убиена од насилниот партнер. На својот Инстаграм профил фризерот изјавил:rn

„Па денес на посета ми дојде прекрасна душа која поминала низ нешто ужасно. Еден кукавица се обидел да ја убие и во процесот ѝ ја искубал и пострижал косата. Додека ѝ ја правев фризурата разговаравме, и не можев а да не забележам колку беше фина и колку НЕ го заслужила она што ѝ се случило. Ниту една жена не го заслужува ова!“

rnФризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народотrnrnЕнди изјавил дека добил дозвола од жената да ја сподели нејзината приказна заедно со фотографии бидејќи сакала другите да знаат колку е среќна што преживеала. Нејзиниот партнер, Мајкл, бил уапсен. Наводно тој ја тепал, ја давел и ѝ држел нож до вратот за време на нападот. Полицијата изјавила дека 22-годишниот маж ја фрлал жртвата наоколу „како играчка“ и се обидел да ѝ ги скрши прстите и зглобовите.rnrnФризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народотrnrnВластите биле известени за настанот кога некој човек кој спиел во автомобил ја забележал жената која била крвава и со модринки. На почетокот не сакала да разговара со полицијата за инцидентот, но по година и половина нејзиното момче било лоцирано.rnrnФризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народотrnrnСпоред извештајот, жртвата била толку претепана што дури ни мајка ѝ не можела да ја препознае. Мајкл бил обвинет за напад, закани, давење, киднапирање и поседување марихуана и потешки дроги.rnrnПогледнете ги и моќните фотографии на жени кои преживеале домашно насилство.