За да бидете среќни во врската не е доволно само нешто да правите за партнерот или задно со него, односно со неа. Подеднакво е важно да се воздржите од одредено однесување. Терапевтите откриваат 7 работи кои паровите во успешни врски не ги прават и токму затоа нивниот однос е здрав, цврст и среќен.rnrn
rn
1. Повеќенеделно молчење
rnМногу е лошо ако со денови или со недели не разговарате со партнерот затоа што сте се навредиле. Во случај на конфликт неопходно е да разговарате, а не да го казнувате партнерот со молчење. Таквото однесување после долго време ќе доведе до многу поголеми проблеми.rn
2. Користење на сексот како казна
rnСексот има многу важна улога во врската, бидејќи тоа е начин за емоционално, како и физичко изразување на емоциите. Со самото тоа, доколку го користите сексот како казнена мерка, не само што го казнувате партнерот физичко, туку го казнувате и емоционално. Ќе се почувствува одбиено и ќе се оддалечи од вас.rnrn
rn
3. Запуштање на физичкиот изглед
rnПаровите кои се долго време заедно имаат склоност да престанат да обрнуваат на својот изглед, да не се грижат добро за здравјето на телото и по дома да бидат толку опуштени, што индиректно води кон намалување на физичката привлечност во очите на партнерот. Иако тоа не мора да се случува секојдневно, сепак одвреме-навреме водете сметка како изгледате и кога сте дома. Почесто дотерувајте се и усреќете го партнерот.rn
4. Враќање во минатото
rnПогрижете се да не го завршите разговорот сè додека не го решите проблемот целосно. Ако постојано ги оставате работите недовршени, тие постојано и ќе се враќаат назад. Од друга страна пак, ако нешто сте решиле, со потсетувањето на старите грешки само ќе ги искршите темелите на вашата врска.rn
5. Избегнување караници
rnКараниците се важен составен елемент од успешната и среќна врска. Нема да ги избегнете проблемите ако ги избегнувате караниците – можете само да ги насобирате во себе и потоа да „експлодирате“ кога најмалку ќе очекувате.rnrn
rn
6. Поставување телевизор во спалната соба
rnЗаедничкиот крај на денот е важен фактор за среќните врски. Иако гледањето телевизија навечер може да причинува задоволство, сепак тоа не треба да се случува во спалната соба. Нека спалната соба биде место каде што ќе разговарате, ќе си кажувате убави работи и заеднички ќе заспиете – без звуци од телевизорот во позадина.rn
7. Недоверба
rnДовербата е најважната точка во односот. Ако таа не постои, тогаш нема да можете да бидете слободни и среќни. Ако мислите дека постои повод за сомнеж во партнерот, запрашајте се дали тој/таа е вистинската личност за вас.rnrnДоколку сакате да поработите на вашата љубовна врска и да создадете нешто трајно, погледнете како да имате успешна врска која ќе трае вечно.