Дали постојано сте во потрага по нови начини како да живеете исполнет живот, правејќи го она што вистински ве прави среќни? Дали сакате да бидете најдобри во она што го работите и сте во потрага по она што ќе ве инспирира да се усовршите?rnrnИако поимите се блиски, постои разлика меѓу она што претставува инспирација и мотивација. Мотивацијата доаѓа однадвор, нечија постапка ќе ве поттикне или мотивира да бидете уште подобри и да дадете сè од себе. Тоа може да биде пофалба од вашиот професор или унапредување од страна на вашиот работодавач.rnrnЗа инспирацијата сте одговорни самите вие и ваша е задачата да ја пронајдете. Инспирацијата доаѓа однатре и значи да се пронајде страста и да се поттикне желбата за нешто ново, нешто повеќе, за некоја значајна промена.
rn
Оние кои се инспирирани прават големи работи!
rnКога луѓето се инспирирани лесно ги преминуваат границите, доживуваат нови искуства и прават необични и големи работи. Земете ги сликарите за пример. Нивната инспирација ја поттикнува уметничката свест, провоцира нови идеи и може да резултира со вистинско ремек-дело. Тоа е кога ќе го погледнете уметничкото дело и гледате дека авторот буквално се внел во него, со срце и со душа. Тоа е инспирација!rnrnПомислете на Стив Џобс. Знаејќи ја моќта на инспирацијата, тој секогаш наоѓаше начини, не само да ги инспирира купувачите да ги купуваат производите, туку и работниците да го вложат максимумот во она што го работат. Неговата свест дека инспирацијата е најголемата движечка сила која носи до успех, го поттикна да донесе голема промена во светот.rnrn
Како да бидете инспирирани?
rnШто е она што го разгорува вашиот креативен пламен? Што е она што најмногу ве интересира? Што е она што сакате да го видите променето на подобро?
Најлесен начин да ја пронајдете инспирацијата е да се вратите назад во времето. Што е она што вистински сте уживале правејќи го, можеби уште како деца? Што и да е, можете да го приспособите, усовршите и повторите.rnrnМедитацијата и другите начини на опуштање на телото и умот секогаш помагаат. Кога ќе ги ослободите мислите од сите фрустрации, негативности и нервози, просторот е чист за нови, свежи идеи и промени. Ви дозволува да „погледнете“ во својата душа и да ја најдете страста.rnrn
Држете ги очите отворени!
rnИнспирацијата речиси секогаш се наоѓа во најнеочекуваните и најчудните нешта. Затоа треба да ги држите очите ширум отворени. Да бидете свесни за светот кој ве опкружува, да знаете како вистински да ги почувствувате допирите, мирисите и светлината. Да ги разбудите вашите сетила и да бидете подготвени за нови искуства.
Да го земеме за пример виножитото. Тоа е вистинско ремек-дело на природата, доказ дека нешто толку убаво може да настане после дождот. Но тоа нема да се случи кога вие сакате или очекувате. Може да гледате во небото колку сакате, но виножитото ќе се појави кога ќе дојде вистинското време.rnrnУбави и мотивирачки работи се случуваат постојано. Вие сте оние кои треба да бидат отворени за нови искуства, надвор од четирите ѕида на сопствениот свет. Бидете креативни, размислувајте „надвор од кутијата“, бидете подготвени за нови искуства.rnrnИнформирајте се што другите направиле за да ја пронајдат својата инспирација. Книгите се непресушен извор на нови, генијални идеи. Никој не се родил со вродени знаења за сè што треба да биде информиран. Доколку трагате по сопствената инспирација, посегнете по изворот на сите мудрости – книгата.rnrn
Ослободете се од стравот
rnНишто не е невозможно. Зарем мислите дека на оние кои донеле големи промени во светот, никој никогаш не им рекол дека многу фантазираат и дека се стремат кон невозможното? Ослободете се од стравовите и пробајте. Секако дека ќе има луѓе кои ќе ви упатат негативни критики, но нели е подобро да се направи нешто што може да се критикува отколку да не се направи ништо? Критикувани се луѓето кои прават нешто со себеси и со својот талент, другите пак, немаат зошто да бидат ни пофалени ни негативно искритикувани.
Секогаш е страшно кога се впуштате во нови искуства, но исто така е возбудливо. Проширете ги своите видици и ќе забележите колкав е светот и колку нешта може да направите надвор од вашиот затворен простор. Можностите се бескрајни, а вие имате можност да ги искусите. Кога ќе излезете од својата „безбедна зона“ ќе се изложите себеси на ризик, но и на безброј работи кои ќе ве инспирираат.rnrnЗа крај, не заборавајте дека инспирацијата е заразна. Вие ќе бидете поттикнати од работата на инспирираните луѓе, но истовремено ќе им дадете мотив на другите. Кога ќе забележите човек кој своите дела ги прави со огромно задоволство, човек кој е инспириран, кој внесува сè од себе во она што го прави, посакувате и вие да го направите истото.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
