Плацебо ефектот е психолошки феномен којшто се случува кога веруваме во корисните ефекти од некои супстанции или предмети, коишто тие реално ги немаат. Најчесто овој ефект се применува во медицината, но е присутен насекаде – кога би немало плацебо би немало ни маркетинг.rnrn
rnrnОвие неколку занимливости ќе ви ја откријат сеприсутноста на овој интересен феномен.rn
1. Плацебо ефектот делува кога знаете дека земате одредени таблети
rnЕдно истражување се занимавало со пациенти коишто патат од синдром на т.н. „нервозно дебело црево“. Научниците им рекле дека ќе им дадат таблети коишто во клиничките испитувања покажале значително подобрување при оваа болест. Резултатот од ваквиот експеримент бил очекуван: пациентите веднаш се почувствувале подобро.rn
2. Плацебо ефектот има „злобен брат близнак“
rnПесимистичните пациенти може да реагираат многу лошо на лекови, без оглед на тоа за какви корисни супстанции станува збор. Во случај кога супстанцата која нема медицинско влијание ја влошува состојбата, тогаш зборуваме за ноцебо ефект. За да бидат работите уште полоши, негативните очекувања се толку силни што може да доведат до неутрализирање на ефектот на ефикасната терапија. Така, на пациентот може да му се даваат проверени лекови против болка, а тие кај него да не делуваат.rnrn
rn
3. Вежбањето е прашање на перцепцијата
rnДали сте љубители на вежбањето? Дали мислите дека тоа помага за вашето здравје? Иако вежбањето секако не е лошо, многу е важно и што вие мислите за тоа. Со спроведувањето на едно истражување во коешто учествувале 84 собарки од седум хотели, истражувачите сакале да откријат дали плацебо ефектот може да влијае на корисноста којашто се здобива од телесната активност.rnrnВо четири хотели на собарките им рекле дека нивната секојдневна работа е самата по себе доволна за здрав и активен живот. Во преостанатите три хотели тие не им рекле ништо. Откако поминал еден месец, истражувачите откриле дека жените во информираната група во просек изгубиле по еден килограм од својата тежина, го намалиле крвниот притисок за околу 10% и биле значајно поздрави во смисла на присуството на масти во телото, индексот на телесната маса и сл. Овие промени биле значително поизразени во однос на собарките од другата група, што било јасно видливо со оглед на тоа дека тие се забележани за многу краток временски период.rn
4. Плацебо ефектот го „подобрува видот“
rnАко сакате подобар телевизор можете да си набавите супер HD плазма… или едноставно да инвестирате во плацебо ефект. Новиот телевизор е скап, а самозалажувањето е бесплатно! За што се работи?rnrnХоландските истражувачи спровеле едно занимливо истражување. На испитаниците им била покажана иста снимка на ист телевизор, со таа разлика што на половина од нив им било кажано да очекуваат слика со висока резолуција. На другата група пак им рекле дека ќе гледаат обична DVD снимка. Како и што се очекувало, испитаниците „паднале на трикот“ и заклучиле дека сликата на „HD“ телевизорот била подобра.rnrn
rn
5. Плацебо ефектот е насекаде околу нас
rnИако плацебо ефектот се поврзува со медицината, можеме да го сретнеме насекаде. Всушност, перцепцијата е клучот на сè. Психолозите го знаат ова и затоа не ретко се користат со тоа, што понекогаш е во наша полза. Доколку и самите сакате да ја искористите моќта на плацебо ефектот за да си го подобрите животот, време е да научите како да го измамите вашиот ум.
