rnrn
rnrnУште пред да се допрат усните, луѓето се привлекуваат бидејќи самиот мирис развива интимност. Луѓето од племето Инуити меѓусебно се допираат со носовите и на овој начин тие негуваат несексуална практика на блискост наречена „куник“ која ја применуваат помеѓу членовите на семејството при што мирисот на кожата се вдишува.rnrnМирисот исто така може да влијае на нашите репродуктивни нагони, бидејќи ни дава потсвесни информации за туѓата ДНК и репродуктивниот статус што можат да помогнат да се утврди дали врската е генетски соодветна.rnrnМеѓусебното допирање со носовите може да биде механизам за поврзување помеѓу родителот и детето, допирањето образ со образ може да биде поздрав или знак на почит. Близината и вдишувањето на мирисот на потенцијалниот партнер може да биде причина за мозокот да даде „зелено светло“ по кое би дошло до допирање на усните со што би се размениле повеќе генетски информации.rnrnНо, која и да е причината, бакнежот е стара практика. Луѓето го користат како облик на однесување илјадници години наназад, секаде ширум светот.rnrnПрвото писмено споменување на овој термин е пред 3.500 години во Индија, кои го опишуваат како „пиење на течност од усните“ и е чин во кој едниот ја вдишува душата на другиот. Подоцна, се појавува античкиот текст за сексуалноста „Ватсијаја Камасутра“, или „Кама Сутра“.rnrnНекои веруваат дека бакнувањето започнало во Индија и се раширило во Грција, кога Александар Велики нападнал и освоил делови на Пенџаб. Други научници се скептични во однос на ова тврдење, посочувајќи дека и во „Стариот завет“ се спомнува несексуално бакнување, плус постојат претходни записи за бакнување во уста и образ во зависност од рангот што постоел меѓу персиските мажи. Познато е дека во времето кога Римјаните биле на власт, тие ги бакнувале пријателите, семејството и соработниците во уста, при склучување зделки или при стапување во брак.rnrn
rnrnДве илјади години старите камени фигури во Кина покажуваат бакнеж во уста, а социјалните промени кај домородните племиња Нахуа направиле бакнежот да се користи како еден од начините на додворување. Во меѓувреме, бакнувањето може да биде вообичаено или скоро застарено, во зависност од заедниците. Преку него се разменуваат 80 милиони бактерии, па затоа не нè изненадува тоа што романтичното – сексуално бакнување не е посакувано од секого. Поради опасностите, многу често овој облик на однесување се заменува со друг, на пример, во Лондон, бакнувањето било заменето со тресење на раката за време на Големата чума, а Римјаните забраниле бакнување за да спречат ширење на појавата на херпес.rnrnСовремените бакнежи потекнуваат од нашите предци, без оглед на причините поради кои настанале. Тоа е антички ритуал, поздрав, симбол на љубов, почит или духовност. Можеби тоа го правиме заради генетика, можеби едноставно е научено од многу одамна. Но, кога ние имаме потреба да размениме бакнеж, со затворени или отворени очи, со јазик или без јазик, на еден образ или два, се бакнуваме за да се поврземе. Тоа е посебно чувство и нашите тела го знаат тоа.rnrnМожеби сакате да дознаете и што го прави животот добар: Лекции од најдолгото истражување за среќата.
Науката открива: Што се случува кога се бакнувате?
