Среќата не е гарантирана за никого бидејќи нели, светот не е фабрика за исполнување желби. Со векови сме ја барале среќата во материјалните нешта, парите, славата, богатството и слично. Дури и денес кога ќе прашате некого што му треба за да биде целосно среќен, ќе добиете одговор како многу пари или слава. Иако овој одговор ни изгледа прифатливо, психијатарот Роберт Џ. Валдингер не се согласува.rnrn
rnrnРоберт дипломирал на Харвард и станал одговорен за најдолгото истражување за среќата на возрасните. Во истражувањето учествувале 724 мажи, а тоа траело последниве 75 години.rnrnИспитаниците биле поделени во две групи. Првата била од мажи кои дипломирале на Харвард во 1930-тите, а втората од мажи од ист период, но кои биле проблематични деца од сиромашниот дел на Бостон.rnrnПсихолошките истражувања ретко се одвиваат олку долго, но ова преживеало и тоа благодарение на генерациите академици кои не се откажале, но и испитаниците кои останале во контакт.rnrnДоктор Роберт објаснил дека истражувањето е центрирано околу среќата. Што е она што нè прави среќни? Што ги исполнува нашите животи и ни дава мир на душата?rnrnТој изјавил дека долготрајната среќа се крие во врските што ги делиме со другите луѓе во нашите животи. Истражувањето дало навистина јасни резултати – мажите кои имале посилни, поисполнети врски со другите луѓе, биле посреќни за разлика од оние кои немале вакви врски. Истражувањето покажало дека мажите кои имаат среќен брачен живот не само што се посреќни, туку и живеат подолго. Човекот е социјално битие, па кога му се исполнети потребите и кога се чувствува сакано се наоѓа на подобро место, и емоционално и физички.rnrnМажите од истражувањето коишто се држеле до себе и коишто станале жртва на изолацијата се покажало дека постојано биле незадоволни и несреќни. Можеби биле во брак, но во тој брак немало многу хармонија и бил извор на повеќе емоционален хаос.rnrnСреќата не е исход од тоа што сте цело време со луѓе. Таа е резултат на квалитетните врски и опкружувањето со луѓе кои знаете дека секогаш се овде за вас. Можеби мислиме дека парите би ни ги решиле сите проблеми, но на крајот она што навистина ни е потребно е љубов и неколку добри зборови од луѓето што ги сакаме.rnrnПрочитајте ги и најкратките совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден.
Што го прави животот добар: Лекции од најдолгото истражување за среќата
