ВИДЕО: Специјална сторија на Кафе Пауза: Како мобилниот царински тим открива сомнителни пратки со дрога?

Сподели

Како изгледа проверката на поштенска пратка кога царинските службеници ќе забележат сомнителна содржина? Што се случува зад вратите на службите пред една пратка да стигне до примателот? И како мобилниот царински тим, со специјална опрема и царинско куче, открива обид за нелегално внесување дрога во земјава?

Реклама

Екипата на Кафе Пауза беше на терен и направи специјална видео-сторија за работата на мобилниот царински тим, кој секојдневно има важна улога во откривање сомнителни поштенски пратки што пристигнуваат од странство.

Повод за оваа сторија е последниот случај во кој Царинската управа, по претходна разузнавачка информација, спречи обид за неовластен промет со дрога.

Според информациите од надлежните, државјанин на САД се обидел нелегално да внесе наркотични супстанции во земјава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а, кои пристигнале во ЦИ Пошти од Франција.

Пратките биле наменети за лице со иницијали Ј.Е. По нивното пристигнување, царинските службеници извршиле контрола со скенер за поштенски пратки, при што била забележана сомнителна содржина. Потоа бил повикан мобилен царински тим, како и царинско куче, по што биле преземени дополнителни проверки.

Погледнете ја кратката видео сторија:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza)

Со тестирање на содржината со специјална опрема било утврдено дека во четири пратки се наоѓа наркотична дрога. Според Царинската управа, пронајдени биле 12,5 грама метамфетамин, 20 грама МДМА и 8 грама кокаин.

Случајот бил предаден на понатамошна постапка на Одделението за истраги. По налог на јавен обвинител, инспектори за спроведување истраги го привеле лицето во моментот на примопредавање на пратката, а потоа бил извршен и претрес во домот каде што живеело заедно со сопругата.

При претресот дополнително се пронајдени две стаклени шишенца со зелена растителна материја со интензивен мирис, две стаклени лулиња за пушење марихуана и 33 ампули тестостерон.

Дрогата пронајдена во поштенските пратки и домот на лицето е одземена и испратена на вештачење, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Оваа специјална сторија на Кафе Пауза дава редок увид во работата на мобилните царински тимови — луѓето кои, далеку од очите на јавноста, секојдневно стојат на првата линија во спречување нелегален влез на дрога, недозволени супстанции и сомнителни пратки во земјава.

Најново

Може ќе ве интересира