rnrnНејзиниот поранешен професор, Артур Едингтон, напишал препорака во која изјавил:rn
„Таа има стекнато широко знаење за физичката наука, вклучувајќи ја и астрономијата, и поседува вредни квалитет и ентузијазам во работата… Верувам дека таа е личност којашто ако ѝ се даде можност, ќе го посвети целиот нејзин живот на астрономијата и не би сакала да избега по само неколку години тренинг за да се омажи.“
rn
rnrnВо 1923-та година таа станала Национален пријател истражувач на Универзитетот Харвард во Масачусетс. Две години подоцна, таа станала првата личност која докторирала на Колеџот Редклиф во областа астрономија која ја завршила дипломската во Опсерваторијата.rnrn
rnrnНејзината неверојатна докторска теза во која тврди дека ѕвездите се воглавно составени од хелиум и водород била пречекана со многу скептицизам. Нејзиниот колега, астроном Хенри Норис Расел, кој се сомневал во нејзината теорија, успеал да ја убеди да не ја објавува. Во 1930-та тој ја објавил како негово откритие. Истражувањето на Сесилија од 200 страници било игнорирано, а таа ја изгубила заслугата за него. Кога-тогаш, научниците станале свесни за нејзиното дело. Ото Струв ја опишал нејзината оригинална теза како „најбрилијантната докторска теза напишана во астрономијата“.rnrn
rnrnЗа жал, ова не бил единствениот пат кога се случило нешто вакво. Исто така ја убедиле да не го објавува откритието за ефектот Старк во спектарот на најжешките ѕвезди, како и откритијата за меѓуѕвездената апсорпција. Овие откритија им биле припишани на други научници.rnrn
rnrnСесилија ја добила титулата астроном во 1938-ма година. Ја задржала оваа позиција до 1956-та година, кога станала првата жена професор на Харвард. Исто така таа била првата жена која била главна на оддел и во 1956-та година станала главна на Одделот за астрономија на Харвард.rnrn
rnrnИ покрај половите дискриминации со коишто се соочила, Сесилија им го поплочила патот на идните жени научници. Денес е позната како најголемиот астроном во историјата.
