Долго време, многу научници грешеле во врска со составот на Сонцето, сè додека една 25-годишна студентка не напишала неверојатна докторска теза. Овде таа докажала дека Сонцето и другите ѕвезди, воглавно се направено од хелиум и водород.rnrn
rnrnСтудентката била Сесилија Пејн-Гапошкин. Но, малкумина ѝ го припишуваат ова откритие неа, бидејќи Сесилија ја изгубила заслугата за едно од најголемите астрономски откритија.rnrn
rnrnВо 2002-ра година, деканот на Факултетот за уметност и наука при Универзитетот на Харвард изјавил:rn
„Од нејзината смрт во 1979-та година, жената која откри од што е направен универзумот не доби многу внимание. Во весниците не се спомнуваше нејзиното најголемо откритие. Секој средношколец знае дека Њутн ја открил гравитацијата, Дарвин jа открил еволуцијата, дури и дека Ајнштајн ја открил релативноста. Но кога станува збор за составот на нашиот универзум, учебниците едноставно кажуваат дека најприсутен елемент во универзумот е водородот. И никој никогаш не се прашува како го знаеме ова. По нејзиниот докторат таа предавала во одделот за астрономија, но нејзините лекции не биле наведени во каталогот со насоки. Не ѝ било дозволено отсуство поради истражување, а нејзината мала плата била обележана како опрема. И сепак, таа преживеала и цутела.“
rn
rnrnСесилија била родена во 1900-та година во Вендовер, Англија. Уште од рана возраст сонувала да стане научник и сакала да ја исполни нејзината цел. Во 1919-та година добила стипендија на Универзитетот Кембриџ на Колеџот за природни науки. Иако Сесилија успешно го завршила студирањето, не добила диплома бидејќи Кембриџ не им давал дипломи на жените сè до 1948-ма година.rnrn
rnrnСесилија сфатила дека со толку малку можности за жените во научната заедница на Велика Британија, единствената опција ѝ била да стане професорка. Сепак, откако се запознала со директорот на Опсерваторијата на Харвард, Харлоу Шејпли, решила да гради кариера во областа на науката и се преселила во САД.rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn