КАФЕ ПАУЗА

Научниците нашле начин за одново растење на изгубените заби

Научниците нашле начин за одново растење на изгубените заби

Навистина е страшно да изгубите заб додека сте возрасни, но ова е проблем со којшто се соочуваат многу луѓе. Над четвртина од луѓето ги губат сите нивни заби додека да наполнат 74 години. Иако забните инпланти можат да помогнат, тие се навистина неудобни, особено бидејќи не се прилагодуваат на устата со стареењето. Но изгледа дека една нова техника може да им помогне на луѓето да пораснат нови заби, и тоа за само 9 недели, користејќи матични клетки од пациентот.rnrnНаучниците нашле начин за одново растење на изгубените забиrnrnИстражувачите од Универзитетот Колумбија во Њујорк се надеваат дека ќе можат да израснат анатомски правилен заб од матични клетки. Покрај тоа, овој нов заб ќе порасне на празното место на пациентот, па дури и ќе се спои со околното ткиво од непцето. Научниците веќе ја докажале способноста за одново растење заби, но не и кај луѓе.rnrnНаучниците спровеле експеримент во кој учествувале 22 стаорци. Откако биле вградени факторите за раст во устите на стаорците, новиот коскен материјал се регенерирал и интегрирал за 9 недели. Според научниците, ова е прв пат да се регенерира структура слична на заб кај жив организам.rnrnДоколку третманот се покаже успешен и кај луѓето, ќе се појават многу придобивки од новата процедура. Бидејќи забот расте на местото каде што ќе стои, нема потреба да се собираат надворешни матични клетки или да се создава внатрешна околина за растење на забот. Поради ова, научниците се надеваат дека решението ќе биде поевтино за оние кои не можат да си дозволат инпланти. Покрај тоа, забот расте во устата, ќе има пократок период на заздравување, а шансите забот да падне се многу помали.rnrnДотогаш, инплантите се најблиското нешто што им помага на луѓето да ги заменат изгубените заби. За жал, инплантите можат да бидат болни, процесот на заздравување може да биде долг и често не се прилагодуваат кај постарите пациенти. Сето ова може да предизвика паѓање на инплантот.rnrnЗа да го зачувате здравјето на забите што подолго, погледнете кои се грешките што треба да ги избегнувате при миењето заби.