КАФЕ ПАУЗА

6 грешки кои ги правите при миењето на забите

6 грешки кои ги правите при миењето на забите

Можеби ги миете забите секој ден, но ако правите некоја од овие грешки тие сепак не се добро заштитени. Д-р Едмонд Хјулит има совети за вас како да ги исправите.rnrn6 грешки кои ги правите при миењето на забитеrn

1. Ги миете забите во погрешно време

rnСпоред д-р Хјулит четката за заби треба да биде последното нешто кое допира до забите навечер. Ако каснете нешто по миењето на забите тоа ќе се задржи на нив и ќе почне да ги оштетува.rn

2. Користите погрешна четкичка

rnИзберете четкичка за заби со меки влакна затоа што таа подобро ја чисти глеѓта. Оние со поцврсто влакно можат дури и малку да ја оштетат глеѓта и да го изложат коренот на забот на оштетување.rn

3. Имате погрешна техника на четкање

rnПоминувањето со четкичката по забите не ја завршува работата. Д-р Хјулит препорачува свртување на четкичката за 30-45 степени кога ја четкате глеѓта со цел подобро миење на она што предизвикува забен камен. Миењето на задниот дел на вилицата треба да се направи со вертикално држење на четкичката, а неопходно е добро да се измие и задниот дел на устата. Сето тоа треба да трае по две минути два пати дневно, при што треба да се задржите по 30 секунди на секоја четвртина од вилицата.rn

4. Не ја плакнете добро устата

rnУстата треба добро да се исплакне после четкањето на забите. Плукањето на пастата за заби не е доволно, затоа што на тој начин во устата останува она што сте го тргнале од забите.rn

5. Не обрнувате внимание на остатокот од устата

rnЦелата уста се мие, а не само забите. Ситни остатоци од храната можат да се заглават и на јазикот и да бидат плодно поле за создавање на бактерии кои им штетат на забите.rn

6. Не ја менувате четкичката

rnЛекарите препорачуваат менување на четкичката на секои три до четири месеци. Истрошените четкички нема ефикасно да го отстранат она што треба да го отстранат и миењето на забите со нив е речиси бескорисно. Исто така, тие треба да се менуваат и откако ќе оздравете од некоја болест затоа што можеби тие кај себе сè уште ја имаат бактеријата која ве разболела.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.