За некој тие се само парче ѓубре, додека пак за други претставуваат инспирација за корисни предмети во домаќинството – зборуваме за ролни од тоалетна хартија! Не мора да бидете уметник за да создадете нешто убаво од ова парче хартија, а овде ќе најдете неколку кул предлози.rnrn
rn
1. Ѕидна декорација
rn
rnrnОва е навистина едноставен начин да го украсите вашиот ѕид, а не бара некоја посебна вештина при изработката. Неколку ролни и малку лепак – тоа е сè.rn
2. Пеперутки како украс
rn
rnrnМалку украсна хартија, ножици и лепак за хартија, па можете да уживате во овој прекрасен украс или играчка.rn
3. Организирање на вашите кабли
rn
rnrnПрекрасна идеја, зар не?rn
4. Саксии за садници
rn
rnrnНе спаѓа во доменот на креативни изработки, но е секако креативно решение за одгледување градинарски садници.rn
5. Држач за салфети
rn
rnrnРолните можете да ги обложите со платно и да ги украсите по своја желба. Ваквите држачи за салфети ќе го привлечат вниманието на вашата трпеза.rn
6. Торбичка за подарок
rn
rnrnВакви торбички за подарок се идеални за која било специјална прилика. Едноставно е: облепете украсна хартија на ролните или нацртајте нешто по своја желба, завијте ги краевите, ставете го подарокот и залепете. Украсете по желба со машнички, бисери и сл.