Постои нешто магично во овој период од годината, а овие 3 хороспоски ги очекуваат промени во форма на романса.rnrn
rn
Овен: Ќе се чувствувате и ќе изгледате најдобро
rnТранзитот на Венера во Водолија ќе ја карамелизира вашата 11-та куќа на пријателствата, а тоа значи дека ќе имате сјаен социјален живот. Ова можеби и не звучи многу романтично, но сепак, ќе поседувате привлечна енергија, па можеби ќе запознаете некоја интересна личност преку некој ваш пријател или колега.rnrnНа 7 февруари, планетата на неодоливите задоволства влегува во вашиот знак и ве очекува речиси цел еден месец исполнет со динамични размени и со огнени страсти. Ова, се разбира, ќе ѝ додаде уште повеќе шарм и убавина на вашата софистицирана личност. Не заборавајте дека кога Венера ќе влезе во вашиот знак, не можете да се извлечете без ништо.rn
Бик: Ќе се препуштите на задоволствата
rnМарс, планетата што владее со желбите, на 3 јануари влегува во авантуристичкиот Стрелец преку вашата осма куќа на сексот, на трансформацијата и на интимни врски и во центарот на вниманието ќе ги стави вашите страсти и вашата енергија. Во овој период можеби ќе се одлучите за долго романтично патување со партнерот или ќе запознаете некого додека патувате во странство. Сè е можно во текот на оваа зима. Благодарение на Уран, овој период ќе ви биде исполнет со задоволства, со комфор и со многу неочекувани настани.rn
Риби: Ќе се остварат сите ваши фантазии
rnЗимската сезона започнува со сензуалната Венера што шепоти слатки зборови преку вашата 12-та куќа на тајните во Водолија, пред официјално да влезе во вашиот знак на 13 јануари. Во овој период ќе добиете интересна порака од партнерот или ќе учествувате во некој важен разговор од којшто ќе извлечете некој важен заклучок.rnrnПрочитајте од што треба да се ослободите до крајот на оваа година според вашиот хороскопски знак.