КАФЕ ПАУЗА

Интересни сознанија за човечкиот организам

Интересни сознанија за човечкиот организам

Истражувачите од Универзитетот во Лондон и Универзитетот Милано-Бикока од Италија, дошле до интересни сознанија поврзани со човечкиот организам. Тие докажале дека, она во што гледате, значително влијае на јачината на болката што ја чувствувате. Ако гледате во раката додека ви вадат крв или ве вакцинираат, ќе почувствувате помала болка, отколку ако ја завртите главата на друга страна.rnrnИнтересни сознанија за човечкиот организамrnrnИстражувачите вршеле испитувања на група доброволци на кои рацете им ги изложувале на висока температура, до граница на издржливост. Оние кои својата рака ја гледале во огледало, можеле да издржат за три степени повисока температура од оние чија рака била скриена. Кога раката ја гледале во огледало што зголемува (конкавно), толеранцијата на болка дополнително се зголемувала.rnrnОсвен тоа што истражувачите откриле на кој начин мозокот ја процесира болката, тие се надеваат дека овие истражувања во иднина ќе помогнат во лекувањето на пациенти кои патат од хронични болки.rnrnЕве уште неколку интересни сознанија поврзани со човечкиот организам:rn

Десното уво за прислушување

rnЛевото уво подобро препознава музика, но ако сакате да чуете нечиј разговор, користете го десното, бидејќи тоа е надарено да препознава говор, тврди Дејвид Гифин, истражувач од универзитетот во Калифорнија.rnrnИнтересни сознанија за човечкиот организамrnrn

За успех е важно добро да се наспиете

rnrnТоа што ќе го прочитате пред спиење подобро и подолго се помни, бидејќи во текот на сонот меморијата се засилува, вели Кенди Хејмгартнер, познат научник. Па затоа, ако треба да научите некој говор, задолжително прочитајте го пред спиење.rnrn

Полесно до тоалет со фантазија за секс

rnrnАко морате да одите во тоалет, а во близина го нема, мислете на секс. Тоа ќе го намали непријатното чувство бидејќи ќе го окупира мозокот (и уринарниот систем), вели американскиот специјалист уролог д-р Лери Липшалц.rnrnИнтересни сознанија за човечкиот организамrnrn

Со стегање на мускулите се штитат очите и видот

rnrnКратковидоста не е наследна, велат стручњаците, туку најчесто е предизвикана од предолго гледање во монитор. Со наизменично стегање и отпуштање на мускулите на телото, се одмораат очите и се вежба видот.rnrn

Со надразнување на вистинските нерви полесно се дише

rnrnСтимулирањето на нервите во увото доведува до создавање рефлексно надразнување, кое може да предизвика грч на мускул во грлото, вели американскиот оториноларинголог Скот Шафер. Ваквиот грч го олеснува грепкањето и скокоткањето во грлото.rnrn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.