КАФЕ ПАУЗА

Најубавите универзитети на светот

Импозантни, прекрасни, впечатливи. Тоа се атрибутите на едни од најубавите универзитети во светот. Погледнете ги…rnrnПрекрасните стари златни згради на Оксфорд отсекогаш привлекувале студенти од целиот свет. Редклиф Камера, библиотеката Бодлеин и колеџот Магдален се едни од најубавите архитектонски зданија на овој универзитет.rnrnrnrnХарвард е најстариот универзитет во Америка. Изграден во 1636 година, овој универзитет е познат по надворешната фасада на зградите украсена со црвени цигли и пространите дворови засадени со дрвја. Најстарата зграда е Massachusetts Hall, скромно здание изградено во рано-џорџијански стил. Претседателот на универзитетот ја има таа чест да работи токму во оваа зграда.rnrnrnrnМожеби Универзитетот Кејп Таун не може да се пофали со брилијантни зданија како што поседуваат другите универзитети. Сепак, неговата поставеност во подножјето на планините, го прави да биде неверојатно прекрасен.rnrnrnrnИако на прв поглед изгледа како луксузен хотел, ова е само универзитет. Се работи за Московскиот државен универзитет кој едноставно импресионира, особено навечер кога е целосно осветлен. Ова е еден од најпрестижните универзитети во Русија. Главната зграда е најголемата едукативна структура што постои во светот.rnrnrnrnБолоња е еден од најстарите универзитети во светот, изграден во 1088 година. Го красат неодоливите згради со црвени покриви и старите високи столбови.rnrnrnrnОваа импозантна зграда е дел од Универзитетот Торонто, основана во 1827 година. Кампусот го сочинуваат згради во романски и готски стил. Токму овој стил го прави целиот комплекс интересно привлечен, посебно во зима.rnrnrnrnНе можеме да го спомнеме Оксфорд, а да го изоставиме познатиот универзитет Кембриџ. Посетителите често ѝ се воодушевуваат на Кралската капела на колеџот и погледот покрај реката.rnrnrnrnЕдна од работите што мора да ги посетите во западна Шпанија е Универзитетот Саламанка, основан во 13 век. Овој универзитет е познат по огромните зданија кои изгледаат како да се накитени, изградени во познатиот шпански стил „plateresque“. Фасадата е покриена со прекрасни резби, вклучувајќи ја и таа на жабата сместена на череп, за која се верува дека носи среќа за оние кои ќе ја забележат.rnrnrnrnОригиналниот кампус на Универзитетот Мумбаи е изграден во 19 век. Една од најубавите згради е кулата обвиена со спирални скали. Кулата Раџабаи, моделирана по моделот на Биг Бен, е една од најпознатите туристички дестинации во Мумбаи.rnrnrnrnУниверзитетот во Сиднеј, изграден во нео-готски стил, е дизајниран од страна на архитектот Едмунд Блакет во 1850 година. Она што особено воодушевува кај овој универзитет е Големата сала. Според Ентони Тролоп, дури ни престижните Оксфорд и Кембриџ немаат таква сала со толку добри пропорции.rnrnrnrnКако дел од Универзитетот Лондон, Royal Holloway во Суреј е познат по зградите со црвени цигли, моделирани по замокот Шембрун во Франција. Распослан на 136 акри во шумски предел, на почетокот во овој кампус можело да престојуваат само жени.rnrnrnrnУниверзитетот Отаго во Нов Зеланд има многубројни згради кои едноставно пленат со својата убавина. Една од тие е зградата на фотографијата, изградена во 19 век во нео-готски стил, простирајќи се покрај река.rnrnrnrnСивите каменести згради покриени со растенија се обележје на Универзитетот Принстон, изграден во нео-готски стил. Овој кампус е познат по многубројните скулптури, вклучувајќи ги делата на Пикасо и Хенри Мур.rnrnrnrnУниверзитетот Шаман го има највпечатливиот кампус во Кина, сместен на подножјето на планините и опкружен со море. Неверојатните згради се препознатливи по измешаните источни и западни стилови.rnrnrnrnОснован од Кралицата Викторија во 1845 година, Кралскиот универзитет Белфаст се состои од 300 згради, сместени во зеленото предградие на Белфаст. На фотографијата можете да ја видите зградата Lanyon која е импозантна по својата големина. Изградена во Тудор-готски стил, се наоѓа во срцето на кампусот.rnrnrnrnАрхитектурата на Јеил се протега од колажи со црвени цигли од 18 век до впечатливи модерни структури. Многу од познатите згради на овој кампус се изградени во 20 век. Архитектот Џејмс Гембл Роџерс се служел со трикови за да направи зградите да изгледаат постаро, со тоа што фрлал киселина на каменестите ѕидови.rnrnrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.