Откријте кое е вашето дрво според датата на раѓање и прочитајте што открива тоа за вашата личност.rnrn
rn
Јаболкница – Љубов (23.12 – 01.01 и 25.06 – 04.07)
rnОние чие дрво на раѓање е јаболкницата се најчесто витки според градбата, атрактивни се и шармантни. Имаат пријатна аура, сакаат да флертуваат и по природа се авантуристи. Сакаат да љубат и да бидат љубени. Како партнери се нежни, верни и дарежливи. Имаат талент за наука и важат за безгрижни филозофи полни со имагинација.rn
Јасен – Амбиција (25.05 – 03.06 и 22.11 – 01.12)
rnРодените во знакот на јасенот се необично атрактивни, весели, импулсивни и амбициозни. Имаат многу барања и не се грижат за туѓите критики. Интелигентни се и талентирани, дури и малку повеќе егоистични. Сакаат да си играат со судбината, но и покрај тоа се личности од доверба. Во љубовта се верни и разумни, иако понекогаш се водат според чувствата. Односот со партнерот го сфаќаат сериозно.rn
Бука – Креативност (22.12)
rnПрипадниците на ова дрво имаат добар вкус, се грижат за својот изглед и знаат како да ги организираат животот и кариерата. По природа се материјалисти, но затоа се и одлични економисти и лидери кои не преземаат непотребни ризици. Важат за добри и разумни партнери кои се интересираат за разни спортови и диети.rn
Бреза – Инспирација (24.06)
rnСе работи за весели, атрактивни, елегантни и пријателски настроени личности. Скромни се и не сакаат ништо што е претерано. Сакаат да живеат мирно и постојано да се во контакт со природата, а не поднесуваат вулгарности. Страста не им е силна страна, прилично се вообразени, не се многу амбициозни, но умеат да создадат мирна и пријатна атмосфера.rn
Смрека – Доверба (09.02 – 18.02 и 14.08 – 23.08)
rnЛичностите родени во знакот на смреката се многу убави и лесно прилагодливи. Го сакаат луксузот и воопшто не се срамежливи. Важат за одлучни, нетрпеливи и самоуверени личности кои секогаш сакаат да ги импресионираат другите. Многу се талентирани и знаат да ја чекаат вистинската љубов. Способни се да донесат брзи одлуки.rn
Костен – Искреност (15.05 – 24.05 и 12.11 – 21.11)
rnИако припадниците на ова дрво се невообичаено убави личности, тие сепак не се обидуваат да ги импресионираат другите со својата убавина. Имаат добро развиено чувство за правда. Весели се и сè ги интересира. Поради недостаток на самодоверба, овие личности се многу чувствителни кога се дел од некое поголемо друштво. Понекогаш реагираат супериорно, се чувствуваат како да не се разбрани од другите и имаат потешкотии при пронаоѓање на партнер.rn
Јавор – Верност (25.01 – 03.02 и 26.07 – 04.08)
rnЛичностите чие дрво на раѓање е јаворот се силни и мускулести. Лесно се прилагодуваат и земаат сè што ќе им пружи животот. Оптимисти се и знаат да бидат задоволни. Алчни се за пари и разни признанија. Не поднесуваат да бидат осамени. Во љубовта важат за страсни и верни, но истовремено и избувливи и безгрижни љубовници.rn
Бреза – Великодушност (12.01 – 24.01 и 15.07 – 25.07)
rnОние кои се родени во знакот на ова дрво важат за пријатни личности кои имаат вкус за облека. Нивните барања се скромни, но сакаат да донесуваат одлуки за другите. Тешко ги простуваат туѓите грешки. Сакаат да водат, но не и да ги почитуваат правилата. Великодушни се, практични и имаат смисла за хумор. Во љубовта се верни и искрени.rn
Смоква – Сензибилност (14.06 – 23.06 и 12.12 – 21.12)
rnСе работи за личности кои се многу силни и независни, а работите ги извршуваат самоволно. Не дозволуваат контрадикторности и аргументи. Ги сакаат животот, семејството, децата и животните. Дружељубиви се и имаат смисла за хумор. Талентирани се и интелигентни, но сакаат да се излежуваат и да безделничат.rn
Елка – Мистериозност (02.01 – 11.01 и 05.07 – 14.07)
rnРодените во знакот на елката имаат несекојдневен вкус, достоинствени се и софистицирани. Сакаат сè што е убаво. Лесно го менуваат расположението, тврдоглави се и егоистични. Но, и покрај тоа се грижат за најблиските. Имаат големи амбиции и многу таленти. Опкружени се со многу пријатели, а во љубовта важат за личности кои тешко можете да ги задоволите.rn
Лешник – Невообичаеност (22.03 – 31.03 и 24.09 – 03.10)
rnПрипадниците на лешникот се шармантни личности кои немаат многу барања и се полни со разбирање. Знаат како да остават впечаток и затоа се многу популарни. Во љубовта се комплицирани, но искрени и толерантни. Имаат голема моќ за прецизно расудување.rn
Габер – Добар вкус (04.06 – 13.06 и 02.12 – 11.12)
rnОвие личности имаат неверојатна убавина, се грижат за својот изглед и кондиција, имаат добар вкус и не се егоистични. Живеат колку што е можно поудобно и водат одговорен и дисциплиниран живот. Од партнерот бараат љубезност и афирмација. Задоволни се со сопствените чувства, на многумина не им веруваат, не се сигурни во своите одлуки, но многу се совесни.rn
Лимета – Сомнеж (11.03 – 20.03 и 13.09 – 22.09)
rnОние чие дрво на раѓање е лиметата со мака го примаат тоа што им го пружа животот. Не поднесуваат стрес, борби и работа. Попустливи се спрема другите и знаат да се жртвуваат за пријателите. Иако поседуваат многу таленти, не се доволно амбициозни за да ги реализираат. Имаат склоност кон жалење и љубомора, но сепак се верни партнери.rn
Јавор – Независен ум (11.04 – 20.04 и 14.10 – 23.10)
rnЛичностите родени во знакот на јаворот се необични луѓе, полни со имагинација и оригиналност. Срамежливи се, но амбициозни, горди и сигурни во себе. Постојано се во потрага по нови искуства. Понекогаш се многу нервозни и комплицирани. Имаат добра меморија и лесно учат. Сакаат да ги импресионираат другите и имаат комплициран љубовен живот.rn
Даб – Храброст (21.03)
rnПо природа, овие личности се многу стабилни, храбри и силни. Независни се од другите и разумни. Не сакаат промени и стојат цврсто на земјата. Секогаш први ги преземаат работите.rn
Маслиново дрво – Мудрост (23.09)
rnРодените во знакот на ова дрво ги сакаат сонцето и топлината и убавите чувства. Разумни се и урамнотежени. Избегнуваат насилство и агресивност. Важат за толерантни, весели и мирни личности. Имаат развиено чувство за праведност, чувствителни се и не се љубоморни. Сакаат да читаат и да бидат опкружени со софистицирани луѓе.rn
Бор – Исклучителност (19.02 – 28.02 и 24.08 – 02.09)
rnИздржливоста е главна карактеристика на личностите родени во знакот на борот. Сакаат да бидат опкружени со пријатни луѓе, но и самите знаат како да си го направат животот попријатен. Активни се, практични и спонтани. Лесно се вљубуваат, но нивната страст брзо согорува. Се разочаруваат ако не го најдат тоа што го сметаат за идеално и лесно се откажуваат.rn
Топола – Несигурност (04.02 – 08.02, 29.02, 01.05 – 14.05 и 05.08 – 13.08)
rnПрипадниците на ова дрво не се многу сигурни во себе и разумни се само кога е тоа потребно. Имаат добра волја и секогаш се во пријатно опкружување. Претенциозни се, често се осамени, имаат талент за уметност и важат за добри организатори. Се интересираат за филозофијата, сигурни се во секоја ситуација, а врските ги сфаќаат сериозно.rn
Мушмула – Чувствителност (01.04 – 10.04 и 04.10 – 13.10)
rnОва се шармантни и весели личности, полни со егоизам. Сакаат да привлекуваат внимание. Го сакаат животот и постојано се во движење. Истовремено се и зависни и независни. Имаат добар вкус, надарени се за уметност и многу се чувствителни. Дружељубиви се, но не простуваат лесно.rn
Орев – Страст (21.04 – 30.04 и 24.10 – 11.11)
rnРодените во знакот на оревот се по малку чудни личности полни со спротивности, независни и егоистични. Агресивни се и од нив може да се очекуваат различни реакции, но имаат широки погледи кон работите. Спонтани се и амбициозни. Не се флексибилни. Во љубовта важат за тешки и необични партнери кои не се секогаш сакани, но на кои другите често им се восхитуваат. Љубоморни се, полни со страст и не прават компромиси.rn
Жална врба – Меланхолија (01.03 – 10.03 и 03.09 – 12.09)
rnЛичностите чие дрво на раѓање е жалната врба се убави, но меланхолични. Сакаат сè што е убаво и вкусно и сакаат да патуваат. Тие се сонувачи, полни со енергија, каприциозни и искрени. Може да се влијае на нив, но не е лесно да се живее со нив. Имаат добро развиена интуиција, но често страдаат во љубовта и затоа бараат партнер покрај кој ќе можат да останат засекогаш.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
