КАФЕ ПАУЗА

10 разлики помеѓу трајните пријателства и оние што ќе исчезнат

10 разлики помеѓу трајните пријателства и оние што ќе исчезнат

Луѓето со кои се дружите откриваат многу повеќе за вас отколку што мислите. Психолозите тврдат дека пријателството е однос заснован на примање и давање и тоа треба да биде рамномерно распоредено. Исто така, тие потенцираат дека „да имате пријатели“ е сосема различно од „да ги чувате пријателите“, а токму тие од втората група треба да ги препознаете и да инвестирате во односите што го збогатуваат вашиот живот.rnrn10 разлики помеѓу трајните пријателства и оние што ќе исчезнатrnrnПријателите што вреди да ги зачувате се карактеризираат со овие 10 особини:rn

1. Постојана поддршка

rnВистинското пријателство кое опстанува со текот на годините се карактеризира со постојана поддршка. Тоа вклучува интерес за тоа што прави вашиот пријател, што се случува во неговиот живот и поддршка кога носи важни одлуки.rn

2. Радување на туѓиот успех

rnВистинскиот пријател нема да биде љубоморен на вашата висока плата, на унапредувањето, на вистинската љубов или на семејната состојба, дури ни ако освоите лотарија. Во секој однос постои споредување, нo вашиот успех нема дa предизвика љубомора кај вистинскиот пријател, туку може само да го мотивира и тој да биде поуспешен.rn

3. Физичката оддалеченост не игра улога

rnОтселувањето поради работа или љубов може да влијае на честото гледање со пријателите или на комуникацијата, но не и на квалитетот на доживотното пријателство. Вистински пријател ќе стори сè за да остане во контакт дури и ако се наоѓа на другата страна на Земјата.rn

4. Почитување на личниот простор и на слободата

rnИако е во ред да очекувате другата страна да ви го посвети своето време, трајното пријателство се карактеризира со искреност. На вистинскиот пријател можете да му кажете дека немате време или дека сте премногу зафатени, а тој ќе го прифати тоа без да се чувствува исклучено.rn

5. Се смеете заедно

rnБез разлика дали станува збор за трагична, фрустрирачка или збунувачка состојба, лесно можете да најдете причина за смеење со некој што ве познава многу добро.rn

6. Плачете заедно

rnВистинските пријатели имаат развиено чувство за емпатија. Ако сте повредени, тие ќе почувствуваат болка на сличен начин како ним да им се случило тоа.rn

7. Простување

rnДури и кај најголемите пријателства постојат пропусти, без разлика дали станува збор за недостаток на размислување, невнимание или себичност. Но, вистинскиот пријател знае кога треба да побара прошка и да се извини и само вистинскиот пријател ќе препознае нечие искрено каење и ќе ја надмине ситуацијата како ништо да не се случило.rn

8. Граници

rnСекој однос треба да има свои граници за да напредува и да преживее. Така, во пријателството мора да има граници што двете страни ќе ги почитуваат – што не треба да се прави затоа што во спротивно тоа би можело да го загрози пријателството (на пример, излегување со поранешната или сегашната партнерка на вашиот пријател, озборувања или пренесување доверливи информации и сл.).rn

9. Секогаш можете да сметате на вистинскиот пријател

rnАко имате некој во вашиот живот кој ќе остави сè во моментот кога ќе побарате помош, нема да се срамите да го повикате среде ноќ за да ги слушне вашите проблеми и треба да знаете дека тоа е однос во кој треба да инвестирате.rn

10. Искреност

rnТокму затоа што немаат личен интерес од вашите работи, вистинските пријатели треба да бидат објективни и искрени набљудувачи и коментатори на вашите животни одлуки и ситуации. Само вистинскиот пријател ќе ви каже ако мисли дека правите нешто лошо, но ако сепак одлучите го сторите тоа, тој нема да дојде и да ви каже: „Ти реков дека ќе биде така“.rnrnПрочитајте зошто мажите се најдобрите пријатели што може да ги имаат жените.