Секоја кујна содржи алуминиумска фолија во една од фиоките, но ретко кој знае дека покрај нејзината конвенционална употреба, алуминиумската фолија може да се користи и на неколку други начини кои можат значително да го олеснат секојдневието. Во продолжение прочитајте ги овие 9 интересни начини на кои можете да ја употребите алуминиумската фолија, за кои веројатно досега не сте слушнале.rnrn
rnrn1. Омекнете го кафеавиот шеќер така што ќе го смотате во алуминиумска фолија и ставете го во рерна загреана на 150°C, на 5 минути. Така добиениот шеќер можете да го додавате во кафето или своите омилени колачи и да бидете сигурни дека ќе биде стопен.rnrn2. Доколку сакате вашиот леб, колачи или печива да останат свежи и меки, замотајте ги во алуминиумска фолија.rnrn3. Вратете го сјајот на своите омилени сребрени предмети: Прекријте го дното на една тава со алуминиумска фолија, ставете малку вода и додадете 2 лажици сол. Ставете го вашето сребро во оваа смеса и оставете да делува 3 минути. Почекајте да се исуши и потоа пребришете го со крпа. Среброто ќе сјае како ново.rnrn4. Направете топка од алуминиумска фолија и искористете ја за чистење на тавите, лонците, тенџерињата и решетките од скарата и рерната.rnrn5. Исчистете го накитот така што ќе го прекриете дното на едно тенџере со алуминиумска фолија и ќе додадете прашок за перење облека. Потоа, само измијте го накитот со вода и оставете го да се исуши.rnrn6. Олеснете си го пеглањето на облеката така што ќе ја прекриете штицата за пеглање со алуминиумска фолија и ќе ставите крпа преку неа. На тој начин ќе ги испеглате двете страни истовремено и ќе заштедите време.rnrn7. Пеглата можете да ја исчистите со алуминиумска фолија.rnrn8. Свиткајте ја фолијата неколку пати и исечете ја со ножици. Тоа убаво ќе ги наостри ножиците.rnrn9. За да ги заштитите растенијата од инсекти, ставете неколку парчиња алуминиумска фолија помеѓу нив.
9 начини да ја користите алуминиумската фолија за кои досега сигурно не сте знаеле
