Нацистички бункер во подземјето на Париз

Сподели

Под една од најпрометните железнички станици во Париз, се крие бункер од 120 квадратни метри, кој започнале да го градат Французите, а го завршиле Германците за време на четиригодишната окупација во Втората Светска војна.

Реклама

Илјадниците патници кои секојдневно патуваат преку станицата „Gar d lest“, не знаат дека под нивните нозе или поточно помеѓу пероните 2 и 3 се наоѓа стар бетонски бункер. Станицата е направена во 19 век, а бункерот сега е во сопственост на Националната железница на Франција, која одлично се грижи за него, иако тој е затворен за јавноста.

Во случај на некаква незгода, во бункерот можат да се засолнат 70 луѓе, а во него има генератори и телефонски центар. Поголемиот дел од првобитната опрема е сè уште на свое место. Во случај на потполно снемување на електрична енергија, има дури и генератор на педали.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира