Астролозите сметаат дека ретроградните движења на планетите носат најголеми предизвици, но според нивните прогнози од 22 јануари до 20 април нè очекува период без ниту едно ретроградно движење. Затоа, астролозите го сметаат овој период за еден од најсреќните периоди во 2023 година.rnrn
rnrnУран ќе ја заврши својата ретроградна фаза на 22 јануари. На 21 април, пак, Меркур повторно ќе ја започне својата ретроградна фаза, со што ќе заврши овој период. Во продолжение прочитајте кои позитивни промени нè очекуваат од 22 јануари до 21 април.rn
1. Зголемување на продуктивноста на луѓето
rnБез ретроградни планети, луѓето ќе бидат многу поефикасни во својата работа. Ништо нема да ги спречи на нивниот пат кон успехот. Ова ќе биде време и кога ќе ви биде полесно да донесете тешки одлуки, ќе бидете помалку збунети и повеќе фокусирани. Ќе имате помалку сомнежи и стравови. Со други зборови, ќе ви биде полесно да работите, а тоа во поголема мера се однесува на интелектуалната работа.rn
2. Ослободување од минатото
rnАстролозите ова време го нарекуваат период на „ослободување“ од минатото. Сега е време да го оставите негативното зад себе, да простувате и да барате прошка. Ова ќе биде добар момент и да ги исчистите мислите, да направите добри дела и да се ослободите од сето она што лошо ви влијаело.rn
3. Успех во љубовта
rnОтсуството на ретроградни планети може да има поволно влијание и на врските, сметаат астролозите. Сите оние кои сакаат да најдат сродна душа ќе можат брзо да сфатат кој точно им треба. Ќе сфатите што точно сакате во врската и што треба да избегнувате. На луѓето ќе им биде полесно да се разберат. Исто така, луѓето со слични интереси и визија за животот ќе имаат поголеми шанса да се запознаат.rn
4. Промена на животниот пат
rnДоколку навистина сакате да го промените животот така што ќе го промените работното место или местото на живеење, сега е вистинскиот момент. Можно е во периодот од 22 јануари до 20 април конечно да можете да ја изберете вашата идна професија, да соберете храброст да ја напуштите сегашната работа и да го следите планот според кој ќе си го промените животот на подобро.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае следниот период без ретроградните движења на планетите, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 цели треба да си ги постави секој хороскопски знак за посреќна 2023 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
