КАФЕ ПАУЗА

5 причини зошто вашето милениче ве прави среќни и здрави

5 причини зошто вашето милениче ве прави среќни и здрави

Written by

in

,

Чувањето милениче може навистина да ви го промени животот. Тоа ќе ги промени вашите навики и погледи на позитивен начин и ќе ви помогне да ги ставите менталното и физичкото здравје на прво место. За секој што чува милениче, знае дека неговото маче или куче му е како семејство.rnrn5 причини зошто вашето милениче ве прави среќни и здравиrnrnБез разлика дали имате проблеми со менталното здравје, или само се чувствувате осамено и тажно, погледнете како миленичето може да ви го подобри животот.rn

1. Буквално никогаш не сте сами

rnДенес сè почесто луѓето одлучуваат да живеат сами. Што значи повеќето се будат сами, се враќаат во празен дом и си легнуваат сами. Едно е да не сакате да живеете со цимер, но кучето или мачето секогаш ќе бидат во домот да ви прават друштво. Покрај тоа, физичкиот контакт со миленичето ќе направи да се чувствувате помалку осамено.rnrnИстовремено, миленичето никогаш нема да ве прекинува, да ве критикува, да ви дава несакани совети или да ве озборува.rn

2. Вежбање и интеракција

rnЖивотните бараат работа, особено кучиња. Тие треба да одат надвор во тоалет и да вежбаат. Додека чувството на изолација и летаргијата се дел од животот на многумина со ментални проблеми, излегувањето со вашето куче веднаш ќе ви го подобри расположението.rnrnКучињата можат да ви го подобрат и социјалниот живот бидејќи ја охрабруваат интеракцијата со другите. Луѓето многу почесто разговараат едни со други кога се во присуство на животни, најмногу бидејќи нивните кучиња веќе започнале со „разговор“.rn

3. Ќе се чувствувате побезбедно

rnЗа луѓето кои имаат посттрауматски стрес или параноја, миленичето може да понуди заштита, без разлика дали станува збор за реална или замислена опасност. Со самото тоа што знаете дека вашето милениче ќе реагира доколку се сучи нешто лошо, навистина ќе се чувствувате посмирено.rn

4. Го поттикнуваат лачењето на „среќните“ хормони

rnИстражувањата покажале дека интеракцијата со вашето куче го зголемува нивото на хормоните што го подобруваат расположението. Овде спаѓаат серотонин, пролактин и окситоцин, хормони кои се справуваат со стрес хормонот кортизол. Галењето куче исто така може да го намали и крвниот притисок.rnrnЕдно истражување во кое учествувале над 600 луѓе, половина од кои имале ментални проблеми, открило дека 87% од оние кои имале мачка почувствувале позитивно влијание од неа. 76% од испитаниците изјавиле дека им билo полесно да ги извршуваат секојдневните обврски благодарение на нивните мачки.rn

5. Лек за претерано размислување

rnМногу луѓе кои имаат проблеми со менталното здравје се вртат кон себе, се затвораат и стануваат опсесивни. Миленичето може да ви помогне да се вратите во сегашниот момент бидејќи неговите физички потреби се секогаш овде. Исто така тоа може да ве насмее или да ви го одвлече вниманието кон нешто забавно, како некоја игра.rnrnДоколку имате време и пари, доколку не сте алергични и доколку можете да најдете милениче што ви одговара, тоа може да направи огромна разлика во вашето здравје. Миленичињата не само што имаат физиолошко влијание врз вашите тело и ум, туку ќе ви донесат многу радост, безусловна љубов и прифаќање.rnrnДоколку имате милениче, погледнете кои работи во домот се опасни за него.