Карлос Кастанеда е американски писател кој докторирал во областа на антропологијата. По неговата прва книга „Учењето на Дон Жуан“ (The Teachings of Don Juan), тој напишал голем број дела посветени на традиционалниот шаманизам. Постојат поделени мислења за овој контроверзен писател и неговите техники за подигнување на свеста. Без разлика дали ќе се согласите со него или не, вреди да прочитате дел од неговото предавање во кое Кастанеда тврди дека клучот на духовноста е тишината…rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnТишината е премин помеѓу световите. Кога нашиот ум е замолчен, незамисливи аспекти од нашето битие испливуваат на површина. Од тој момент, личноста почнува да ги пренесува сопствените намери и нејзиното делување создава моќ.rnrnЗа време на моето учење, учителот ми покажуваше необјасниви подвизи кои ме плашеа, но истовремено ја поттикнуваа мојата амбиција да бидам исто толку моќен колку него. Често го прашував како да ги научам неговите трикови, но тој само ќе ставеше прст на уста и ќе зјапаше во мене.rnrnМи требаа години за да почнам да ја ценам величествената лекција на неговиот одговор: Клучот на мистиката и духовност лежи во тишината. Ако се прашувате дали овој концепт може да се дефинира, одговорот е не, не може да се дефинира.rnrnКога го вежбате, тогаш го перципирате. Ако се обидете да го разберете, ќе го блокирате. Немојте да го гледате како нешто комплицирано или тешко, бидејќи тоа не е нешто од некоја друга планета. Тоа е само замолчување на вашиот ум.rnrnБи можел да ви кажам дека тишината е како пристаниште во кое мируваат бродовите. Но, ако пристаништето е зафатено, нема да има место за ништо ново! Така би изгледала мојата визуелна претстава, но вистината е дека јас не знам како да зборувам за тоа.rnrnВнатрешната тишина не е само недостаток на мисли. Станува збор за прекин на пресудите, за сведочење без интерпретација. Внатрешната тишина може да се објасни на контрадикторен начин како „мислење без зборови“.rnrnЗа многумина од вас, ова што го зборувам нема никаква смисла, бидејќи навикнати сте да се консултирате со вашиот ум за сѐ и сешто. Иронично е тоа што нашите мисли воопшто не се наши. Тие излегуваат од нас во звучна форма, но тоа е нешто сосема друго. Со оглед на тоа што нашите мисли се присутни уште од моментот кога сме почнале да го користиме разумот, сите ние сме стекнале навика да живееме во присуство на нашите мисли.rnrnЈас не ви советувам да се обидете да го докажувате она што е мистично и духовно, бидејќи вашиот ум ќе ви нареди да се скриете зад цврстиот ѕид на интерпретацијата. Доколку сакате можност за духовен развој, постои само еден начин да стигнете до тоа: Исклучете го умот!rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте ги и овие 10 навистина важни мудрости на Махатма Ганди кои ќе ви го променат животот.
Мудроста на Карлос Кастанеда: Како да мислите без зборови?
