Идејата дека сексот е само физичка потреба на нашиот организам е целосно погрешна. Водењето љубов со својот партнер значи покажување емоции на најинтимниот, најстрасниот и најранливиот начин што може да постои меѓу две индивидуи. Меѓутоа, има и други начини на кои можете да ја покажете неизмерната љубов кон вашиот партнер.rnrn
rn
1. Изградете силно пријателство
rnЧинот на прифаќање и дозволување е многу важен во врската. Со самото тоа, многу е важно со вашиот партнер да станете добри пријатели. Да споделувате тајни, да раскажувате приказни и идеи меѓусебно. Кога го познавате добро вашиот партнер и знаете дека ви верува, ќе се чувствувате повеќе заљубено и сакано бидејќи окситоцинот во вашето тело ќе биде зголемен. Добрите пријателства градат здрави и интимни врски.rn
2. Поврзете се по пат на храната
rnСпоред најновите истражувања, готвењето со некого за кого имате чувство, заедничкото јадење или посетувањето часови по готвење создава природно возбудување помеѓу две индивидуи. Заедничкото готвење и вкусните оброци се одличен начин за да се поврзете на емотивно ниво. Упатете се во авантурата на готвењето и експериментирајте со храната.rn
3. Пронајдете активности и хобија што ќе можете заеднички да ги извршувате
rnДа се смеете и да се забавувате е преубава работа, а тоа веќе сигурно и самите го знаете. Направете заедничка листа на желби со активности кои двајцата сакате да ги правите и почитувајте ги желбите на другиот. Одете на прошетка, на трчање, запишете се на часови по сликање и така натаму. Само продолжете да ги правите работите кои интелектуално и физички ве стимулираат двајцата. Правете некоја активност која ќе создаде хармонија и ќе изгради доверба во вашата врска.rnrn
rn
4. Откријте ја вашата ранлива страна
rnКога ќе се поврзете за вашиот партнер ментално, со самото тоа се поврзувате и физички и емотивно. Да ги признаете вашите најголеми стравови и ранливости можеби не е лесно, но тоа е најдобриот начин да се зближите. Спротивставувањето на мрачната страна од вашата личност ќе ви донесе мир и ведрина во вашиот живот.rn
5. Бидете нежни
rnПостојат повеќе начини за да бидете нежни. Галењето, бакнувањето, како и држењето за рака, претставуваат еден вид искажување љубов. Можете да му напишете на вашиот сакан писмо, да му направите честитка, да му купите цвеќе, или пак да му купите некоја ситница која многу ќе му значи. Со многу мали работи можете да направите другата личност да се чувствува сакано.
