12 авантури кои мора да ги испробате ова лето

Сподели

Немате никакви планови за ова лето? Не грижете се, ние ви нудиме неколку интересни предлози. Од започнување на сопствен бизнис, до луда и незаборавна журка на базен. Па не чекајте ни минута, туку веднаш започнете да ја планирате вашата летна авантура.

Реклама

rn

1. Заедничко патување со пријателите

rnМоже ли да има подобра забава од заедничко патување со вашите пријатели? Секако дека не! Соберете ги сите, испланирајте заеднички одмор или барем заеднички викенд. Авантурите кои може да ви се случат во текот на патувањето ќе ви бидат едни од омилените сеќавања за ова лето.

rn

2. Посетете што е можно повеќе музички фестивали

rnСè што ви е потребно е уште една личност и оваа летна авантура може да започне. Без разлика дали тоа ќе биде вашиот/ата партнер/ка, другар/ка или пак сестра/брат. Сончеви зраци, добра музика и танцување. Авантура која дефинитивно ќе ви се исплати.

rn

3. Бидете домаќин на отмена коктел забава

rnОдвојте еден ден од летото за да подготвите домашна забава. Повикајте ги вашите најблиски пријатели, роднини, познаници. Украсете го дворот со сијалички, обезбедете пијалак и добра опуштена музика. Танцувајте, смеете се, раскажувајте возбудливи приказни. Топлата летна ноќ ќе се погрижи таа да остане долго во вашите сеќавања.

rn

4. Присуствувајте на незаборавна забава на базен

rnСлушнавте дека некаде се подготвува забава на базен? Тогаш задолжително обезбедете си место. Сонце, вода, коктели… Дружбата со пријателите, но и запознавањето нови е одличен начин да се забавувате таму. Можеби летото ќе ви донесе нова љубов. Оваа авантура сигурно ќе сакате да ја повторите.

rn

5. „Изгубете“ се во добра книга

rnИсклучете го мобилниот, пронајдете добра книга, одете во природа и уживајте. „Изгубете“ се во тој свет заедно со ликовите. Доживејте ја нивната авантура како да е ваша. Ќе се релаксирате, опуштите и конечно ќе поминете ден надвор од стресното секојдневие.

rn

6. Вежбајте на прекрасните, топли временски услови

rnЗбогувајте се со вежбањето во затворена просторија. Зимата помина и летото набрзо ќе настапи на сцена. Облечете ги вашите омилени бикини или шорцеви и правете вежби на плажа. Ништо не е поубаво од убаво разладување во вода после напорниот тренинг.

rn

7. Конечно вложете време за да научите како да штедите

rnСекојпат истата приказна дека ќе почнете да штедите и на крај ништо. Затоа ова лето зацртајте си цел дека конечно ќе успеете. Одвојувате по малку, на крај ќе видите дека тој труд се исплател. Со заштедените пари може да испланирате некоја нова и интересна авантура.

rn

8. Пливајте голи

rnСоберете неколку пријатели, почекајте да се стемни и започнете ја оваа авантура. Ќе зажалите ако не го испробате ова сега, додека сте млади. Младоста е за да правиме глупости, а на старост да се сеќаваме на нив, нели?

rn

9. Одете во забавен парк

rnБидете дете барем еден ден. Качете се на рингишпил и доживејте ја ова „летачка“ авантура. Топлиот воздух кој ќе го почувствувате, сеќавањата кои ќе ви се вратат од детството се неизмерна радост и среќа.

rn

10. Бидете свој сопствен газда

rnЗошто долго замислуваната идеја не ја исполните ова лето? Одамна сте сакале да започнете нешто свое? Летото е супер време за тоа. Можеби и нема да успее, но авантурата која ќе ја поминете додека ја исполнувате оваа идеја ќе ви донесе многу интересни мигови. А може и ќе успее. Изработувајте накит, држете часови по некој летен спорт, продавајте овошно освежување за туристите. Ќе научите многу од искуството, а и ќе го надополните вашето си-ви.

rn

11. Земете ден само за себе

rnБез партнерот, пријателите или кој било друг. Само вие и никој друг. Правете разни активности и уживајте во секоја од нив. Одете во спа, на базен или пак во шопинг. Создадете своја авантура и остварете ја.

rn

12. Поканете некого да излезе со вас на состанок

rnСоберете храброст и прашајте. Нема ништо лошо во тоа. Кој знае, можеби ова лето ќе биде почеток на една долга љубовна приказна.

Популарно

Може ќе ве интересира