Сигурно понекогаш посакувате да се вратите во времето кога сте оделе во основно училиште и единствените проблеми ви биле дружењето со другарчињата и петките на тестовите. Но, колку и да ви делува едноставен тој период од животот, мора да признаете дека некои од математичките задачи навистина знаеле да ви предизвикуваат проблеми.rnrn
rnrnЕден од нив е и следниов математички проблем што ги збуни учениците, родителите и целиот виртуелен свет. Можете ли да го решите вие? Проблемот гласи вака:rnrn„Јана има 15 џамлии. Изгубила неколку. Колку џамлии има Јана сега?“rnrnЗбунетите ученици најчесто не ја решаваат оваа задача, а најверојатно и вие не би знаеле што да одговорите. Лесно би било кога задачата би гласела: „Јана има 5 списанија. Сестра ѝ земала 2. Колку списанија има Јана сега?“.rnrnПа, што значи ова „неколку“? Како би ја решиле вие оваа задача? Размислете и обидете се да дојдете до вистинскиот одговор. Доколку не можете да се сетите, погледнете го решението кое е многу поедноставно одошто мислите.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Одговорот гласи „Јана сега има помалку од 15 џамлии“.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnУспеавте да ја решите задача? Доколку успеавте, честитки! Тоа е навистина импресивно! Но, не очајувајте доколку не се сетивте на одговорот, бидејќи не сте единствени. Сите ние понекогаш непотребно ги комплицираме работите и така се оддалечуваме од вистинското решение на проблемот. Зошто да биде просто, кога може да биде сложено, се согласувате?rnrnПодготвени сте за уште еден предизвик? Обидете се да го решите и овој математички проблем кој зачуди илјадници.
Можете ли да го решите овој едноставен математички проблем што го збуни Интернетот?
