И совршените луѓе кријат тајни: Што се крие зад нивната идеална маска?

Сподели

Го знаете оној тип „совршени“ луѓе кои одлично готват, имаат работа од соништата, прекрасно семејство и кои секогаш се дотерани и среќни? Епа тие луѓе можеби и не се така идеални како што ви изгледа вам. Без разлика дали се работи за дружење со пријателите или деловна комуникација, луѓето кои сакаат на сите да им покажат колку се тие важни и значајни, можат да направат ние останатите да се почувствуваме помалку неважно.

Реклама

Ако сте наоружени со едноставни алати за препознавање, не само што ќе се чувствувате подобро, туку лесно ќе ги препознаете слабостите кои се кријат зад фасадата на тие „совршени“ луѓе. Психологијата која се крие зад овој процес произлегува од теоријата на виенскиот психоаналитичар Алфред Адлер, кој прв го употребил терминот „комплекс на пониска вредност“.

Според Адлер, луѓето кои имаат чувство на пониска вредност се обидуваат тоа да го компензираат со нешто што се нарекува „желба за супериорност“. Единствениот начин на кој овие однатре несигурни луѓе можат да почувствуваат среќа е кога другите околу нив се несреќни. Еве ги четирите знаци кои укажуваат на овој вид несигурност:rn

Несигурната личност се обидува да направи и вие да се чувствувате несигурно

rnДали сте во друштво на одредена личност или одреден тип личности, кога го отворате прашањето за вашата сопствена вредност? Дали се работи за поединец кој секогаш ја покажува својата сила? Ако генерално не се чувствувате несигурно, туку само во друштво на одредена личност, се чини дека тој или таа ја проектира сопствената несигурност врз вас.rn

Несигурната личност има потреба да го потенцира сопствениот успех

rnНе мора да се чувствувате несигурно во нечие друштво за да заклучите дека комплексот на пониска вредност се наоѓа во сржта на нивното однесување. Луѓето кои секогаш се фалат со својот стил на живот, високото елитно образование или со своите фантастични деца, тоа најчесто го прават за да си докажат себеси дека навистина вредат.rn

Несигурната личност често се фали себеси со „скромност“

rnСкромното фалење може да биде разбрано како самокритичка изјава. Сигурно сте виделе на Фејсбук кога овие видови личности се жалат поради тоа што мораат да одат на толку службени патувања или на времето кое мораат да го изгубат гледајќи ги своите деца како играат (и секако победуваат) натпревари во некој спорт.rn

Несигурната личност често се жали дека нештата не се доволно добри

rnЛуѓето кои имаат комплекс на пониска вредност сакаат да покажат дека имаат високи стандарди. Можете да ги етикетирате како снобови, но кога ќе сфатите дека тие само се преправаат, тешко дека ќе ве потресе чувството дека се подобри од вас. Имате право да се сомневате дека се обидуваат со своите високи стандарди да потврдат дека се подобри од сите останати, па дури и си поставуваат уште поригорозни критериуми за самопроценување.

Кога сте во состојба да ја препознаете несигурноста во луѓето околу вас, тоа може да ви помогне да го отфрлите сомнежот во себе.

Популарно

Може ќе ве интересира