„Ако ви е јасно значењето на броевите 3, 6 и 9, тогаш ќе го имате клучот на универзумот во ваши раце“, говорел големиот научник Никола Тесла.
rnИнтересно е тоа што овој гениј правел еден куп мистериозни експерименти, а најголемата мистерија бил тој самиот. Сите големи умови имаат по некоја опсесија, но оваа на Тесла е дефинитивно една од најинтригантните.rnrn
rnrnТој секогаш вртел по три круга околу зградата пред да влезе, ги чистел чиниите со 18 салфети и живеел во хотелски соби чиј број можел да го подели со 3. Тој ги пресметувал деливите работи околу него и секогаш сакал да бидат деливи со 3. Сѐ што правел, правел по 3 пати.rnrnНо, Тесла не е единствениот гениј кој бил опседнат со овој број. Познато е дека многу уметници, научници и писатели биле опседнати со бројот 3, меѓу кои и Данте Алигиери, чие ремек-дело „Божествена комедија“ се заснова на овој број.rnrnНекои сметале дека опсесијата на Тесла потекнува од опсесивно-компулсивното нарушување, а други верувале дека е многу суеверен. Сепак, вистината е многу покомплицирана.rnrnТој не бил опседнат со сите броеви, туку со неколку посебни, како што се 3, 6 и 9. Тесла тврдел дека овие броеви се многу важни, но никој не му обрнувал внимание. Па, зошто баш овие броеви? За да го сфатиме ова, прво треба да разбереме дека луѓето не ја измислуваат математиката, туку ја откриваат. Таа е универзалниот јазик и закон на сето она што нѐ опкружува.rnrnПостојат модели кои се појавуваат во универзумот по природен пат како што се галаксиите, настанувањето на ѕвездите, еволуцијата и речиси сите природни системи. Некои од тие модели се нарекуваат „Златен пресек“ и „Света геометрија“.rnrnТесла пресметал дека планетите се поврзани со овие броеви. Многу важно место заземаат и бројките на бинарниот систем, чиј модел функционира на тој начин што почнува од еден и потоа продолжува со дуплирање на броевите. Клетките и ембрионите функционираат според истиот систем.rnrnГениите се луѓе кои најмногу разбираат како функционираат на тајните на универзумот и речиси сите големи умови биле опседнати со бројот 3. По сето ова, би требало да се запрашаме дали бројот 3 е навистина божествен како што верувале Тесла и Данте?rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за овој научник, прочитајте го и генијалниот одговор на Никола Тесла на прашањето зошто никогаш не се оженил.