КАФЕ ПАУЗА

Генијалниот одговор на Никола Тесла на прашањето зошто никогаш не се оженил

Генијалниот одговор на Никола Тесла на прашањето зошто никогаш не се оженил

Познато е дека генијалниот научник, заслужен за голем број револуционерни откритија, никогаш не се оженил. Тој ја објаснил причината за тоа во далечната 1924 година како дел од едно ексклузивно интервју.rnrnГенијалниот одговор на Никола Тесла на прашањето зошто никогаш не се оженилrnrnТесла најпрво потенцирал дека жената е супериорна во однос на мажот, но дека тоа било случајот некогаш. Според него, таквата жена исчезнала, а на нејзино место дошла жената која смета дека нејзиниот главен успех во животот е да се изедначи што е можно повеќе со мажот, преку облеката, гласот, постапките, спортот и сите други можни достигнувања.rn

„Жените стануваат посилни од мажите, и физички и психички. Светот има доживеано многу трагедии, но според мене најголемата трагедија од сите е денешната економска ситуација во која жените се натпреваруваат со мажите и во многу случаи навистина успеваат да го заземат нивното место во професиите и индустриите. Оваа растечка тенденција на жените да ја фрлат машкоста во сенка е знак дека цивилизацијата се движи кон пропаст“, рекол Тесла.

rnТој додал дека сите достигнувања на мажите биле инспирирани и поттикнати од љубовта кон жената, но дека жените наместо победници станале жртви.rn

„Во нејзиниот живот нема задоволства. Таа е амбициозна, честопати многу повеќе отколку што ѝ наложува природата и сака да постигне сѐ. Жените многу често забораваат дека не можат сите да бидат примадони и филмски ѕвезди“, изјавил Тесла.

rnНаучникот истакнал дека токму поради тоа нашата цивилизација ќе потоне во ситуацијата која ја среќаваме кај пчелите, мравките и другите инсекти: Онаа во која мажите безобѕирно се убиваат.rn

„Во таа матријархална империја ќе владеат женските правила“, заклучил Тесла.

rnФакт е дека моќта на жените од ден на ден сѐ повеќе се зголемува и тоа е добро со оглед на угнетувањата и неправдите низ кои морале да поминат во минатото. Но, прашање е дали поради тоа жените почнуваат да ги забораваат нивните природни карактеристики кои ги издвојуваат од мажите и ги прават посебни. Во тој случај, би можеле да се согласиме дека Тесла бил во право. Меѓутоа, постои и голема веројатност дека научникот се исплашил од самодовербата и моќта која почнале да ја поседуваат жените, па затоа ја поставил оваа теорија како оправдување зошто никогаш не се оженил.rnrnДали тогаш би можеле да кажеме дека Тесла бил женомразец исплашен од ново настанатата ситуација во која жените владеат со општеството, или, пак, женољубец кој едноставно копнеел по моралните вредности, невиноста и нежноста на жената од минатото? Пишете ни во коментар и искажете го вашето мислење на оваа тема.