Дневните работни комбинации бараат големо внимание, особено ако на вашето работно место постои пропишан код за облекување, но тоа не значи дека треба да изгледате здодевно и нестилизирано. Затоа денес ви претставуваме неколку интересни и пред сè модерни дневни комбинации, кои ќе ви помогнат да станете најстилизираната девојка на работното место.rnrn
rnrn1. Освежете го својот класичен работен стил со трошка боја или со впечатливи аксесоари во боја на злато.rnrn
rnrn2. Не плашете се еднобојниот црн, летен фустан да го надополните со сако со интересен принт, кое на вашиот целокупен изглед ќе му ја даде потребната впечатливост.rnrn
rnrn3. Изгледајте како модерна парижанка во дневна комбинација со пастелни тонови, во која ќе вклопите впечатливи аксесоари во неутрални бои.rnrn
rnrn4. Модерните принтови во дневните комбинации, како што се оние на здолништата и панталоните, може одлично да се вклопат со класични блузи и кошули. Така тие претставуваат идеална комбинација за секоја работна варијанта.rnrn
rnrn5. Ретро стилот, исто така може да биде одличен избор за секоја работна прилика, па не плашете се романтичните кроеви во пастелни бои да ги комбинирате со аксесоари во ретро стил, како што се на пример преслатките очила за сонце.rnrn
rnrn6. Бидете креативни кога станува збор за изборот на дневни комбинации, бидејќи тоа е патот за да станете најстилизираната девојка на работното место. Така, на пример, блузите со интересен принт вклопете ги со шорцеви или здолниште, а изгледот надополнете го со впечатливо ланче и стилски чевли со висока пета.rnrn
Како да бидете најстилизираната девојка на работното место?
