КАФЕ ПАУЗА

Машки навики кои не им се допаѓаат на жените

Жените по природа се уредни, се грижат за себе и за својот изглед, користат скапи препарати за што подолго да го задржат својот младешки изглед, се депилираат и се негуваат. Па, не е ни чудно што го очекуваат истото и од својот партнер. Имено, на еден блог се изјасниле 50 жени за тоа кои машки навики им се најодбивни, а овде ги издвојуваме петте најчести.rnrnМашки навики кои не им се допаѓаат на женитеrn

1. Чешање на меѓуножјето

rnКога мажите често посегнуваат кон своето меѓуножје и енергично се чешаат, тоа е многу неубава навика што ѝ паѓа во очи на секоја жена. Иако чешањето е природна појава, за сѐ постои место и начин.rn

2. Влакна од носот или ушите

rnВлакната навистина не се привлечни, особено ако при разговорот забележите дека тие се појавуваат од носот или од ушите.rn

3. Првут

rnПрвутот може да се отстрани, но бара малку труд, односно често миење на косата и користење посебни, специфични шампони. Не постои речиси ништо понепривлечно од кошула каде што има многу првут.rn

4. Валкани и неуредни нокти

rnУбавите раце се една од најпривлечни работи кај мажите, а доколку се негувани и чисти, ретко која припадничка на понежниот пол истиот момент нема да се замисли во нивна прегратка. Валканите раце пак, од друга страна, изгледаат доста непривлечно. Тука исклучок се луѓето кои работат тешка физичка работа, но тоа не значи дека тие не може да се негуваат.rn

5. Лоша хигиена на забите

rnНа секој може да му се случи да има непријатен здив по јадењето вкусен ручек или вечера, но оралната хигиена е нешто сосема друго. Миењето на забите е најмалку што еден маж може да го направи за себе, па затоа, оваа лоша навика заслужува голем минус.