Кога ќе се спомене зборот „рок“, веднаш се помислува на гласна музика во која преовладуваат електрични гитари, облека во црна боја и тексас, кожна јакна, алкохол и бунтовнички дух. Рокерите обично се сметаат за бунтовници кои не почитуваат закони и авторитети и кои воопшто не се префинети или софистицирани. Но, ова воопшто не е така, особено кога станува збор за понежниот пол.rnrnЛед Цепелин – Гитар БарrnrnРок стилот има своја нежна и романтична страна која не ја покажува само преку љубовните рок балади. Таа е видлива и преку начинот на облекување и модните додатоци кои можат да се искористат за да го надополнат рок изгледот и да му дадат елегантна нота. И оваа есен чокерите се повторно во мода, но овој пат во комбинација со парчиња облека карактеристични за рок стилот како што се кожна јакна, скинати фармерки, старки и тексас кошула.rnrnЛед Цепелин – Гитар БарrnrnЧокерите се изработени од страна на S & R accessories, каде што можете да најдете и друг рачно изработен накит за секоја пригода. Спојот на елеганција и бунтовност е совршено отсликан од страна на моделот Бојана Нушкова и фотографката Каролина Пандовска. А доколку сте љубител на рок, џез и блуз музиката и постојано се жалите дека во Скопје нема доволно места каде што можете да излезете, помислете уште еднаш бидејќи сите овие фотографии се сликани во уникатните рокерски кафулиња и барови со кои изобилува нашиот град.rnrnПогледнете ги останатите фотографии кои со сигурност ќе ја разбудат рокерката во вас и ќе ве инспирираат да го зачините вашиот стил со интересен чокер…rnrn