КАФЕ ПАУЗА

Нова импресивна скулптура во Венеција испраќа порака за единство

Како продолжение на неговата импресивна скулптура „Поддршка“ во 2017, Лоренцо Квин се враќа во Венеција со уште една феноменална изработка. Овој пат Квин создаде шест пара раце кои сакаат да се допрат преку историскиот Арсенал. Висока скоро 15 метри и широка 20 метри, „Градење мостови“ е уметничко парче кое го слави единството и изгледа прекрасно во градот каде што се одржува 58. издание на Фестивалот на уметноста – Венеција.rnrnНова импресивна скулптура во Венеција испраќа порака за единствоrn

„Мојата работа во Венеција не заврши со ‘Поддршка’, мојата претходна скулптура. Всушност, ова ќе биде трилогија. ‘Поддршка’ беше наменета за да ни ги отвори очите, ‘Градење мостови’ е за преземање акција и за спојување на културите за заедничко добро, а третото парче… Добро, ќе треба да почекате и да видите, но можам да ви кажам дека нема да има никакви раце“, вели Лоренцо Квин.

rnНова импресивна скулптура во Венеција испраќа порака за единствоrn

„Човечките раце ме инспирираат бидејќи преку нив јас можам да испратам многу директни, универзални пораки. Плус, јас сум Италијанец, а ние зборуваме со нашите раце.“

rnНова импресивна скулптура во Венеција испраќа порака за единствоrn

„’Градење мостови’ е составена од 6 индивидуални мостови: мудрост, надеж, помош, верба, пријателство и љубов.“

rnНова импресивна скулптура во Венеција испраќа порака за единствоrn

„Сакав мостовите да ги претставуваат петте континенти, а последниот мост – љубов, да ги спои сите нив заедно.“

rnНова импресивна скулптура во Венеција испраќа порака за единствоrn

„Во нумерологијата, шест е бројот на љубовта.“

rnНова импресивна скулптура во Венеција испраќа порака за единствоrn

„Градењето беше лудо. Имавме многу малку време за да ги адаптираме дизајните на новата локација, која ни ја дадоа само 5 недели пред претставувањето на делото. Но, ние успеавме благодарение на одличниот тим.“

rnНова импресивна скулптура во Венеција испраќа порака за единствоrnrnЛокацијата на скулптурата „Градење мостови“ е посебна, иако не е првичниот избор на Лоренцо. Сепак, уметникот вели дека сѐ испаднало онака како што требало да биде.rn

„Интересно е тоа што во Венецијанскиот Арсенал се изградени бродовите кои го имаат пропатувано светот и ја имаат отворено трговијата меѓу Венеција и Далечниот Исток, на тој начин премостувајќи ги културите.“

rnПогледнете ја убавината на Венеција, претставена преку цртежи насликани со водени бои.