Италијански престапник кој бил осуден на домашен притвор, побарал да го префрлат во вистински затвор, зашто не можел веќе да го поднесе животот со неговата сопруга. Не се случува често, некој кој е осуден на куќен притвор да побара да го префрлат во вистински затвор. Но, токму ова се случило во Италија, каде што човек кој ја отслужувал својата казна во сопствениот дом, побарал од властите да продолжи да ја отслужува зад решетки, во вистински затвор.rnrn
„Исклучително ми е тежок животот со сопругата. Уморен сум од непрекинатата борба со неа.“ – изјавил Чабани, а пренеле локалните италијански медиуми.
rnСудот ја прифатил желбата на Валид, па го префрлиле во затвор во Тоскана, каде што ќе продолжи да си ја отслужува казната.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.