КАФЕ ПАУЗА

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

rn

5. Третиот астронаут воопшто не слетал на месечината

rnЛуди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечинатаrnrnВо капсулата за управување се наоѓал Мајкл Колинс, третиот астронаут. Тој не слетал на месечината бидејќи требало некој да ја управува капсулата. Останал сам над 20 часа. Ако Баз и Нил заглавеле на месечината, тој требало сам да се врати на Земјата. Токму поради ова не е спомнат во говорот на Никсон.rnrnВеројатноста да ги остави другите астронаути на месечината му претставувала проблем на Колинс. Всушност, тој се грижел за тоа најмалку шест месеци. Додека орбитирал околу месечината запишал дека доколку се случело, тоа би го прогонувало целиот живот.rn

6. Производителот на знамето поставено на месечината е непознат

rnЛуди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечинатаrnrnДве компании тврдат дека го направиле знамето на САД. Уште две тврдат дека ги снабдиле компаниите со материјалот за знамето. Од НАСА не кажуваат ништо, ако воопшто ја знаат вистината.rn

7. Екипажот не можел да добие животно осигурување, но се снашле

rnЛуди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечинатаrnrnВеќе спомнавме дека постоела опасност астронаутите да не се вратат. Бидејќи нивното животно осигурување би било многу скапо, тие оставиле многу автограми што нивните семејства ќе можеле да ги продаваат доколку не се вратат.rnrnАстронаутите биле познати долго пред да ја напуштат Земјата и имале многу фанови што сакале автограми. Всушност, тие потпишале илјадници автограми по нивната мисија, а некои биле продадени за навистина виски суми.rn

8. Баз ја одржал првата света причест на месечината

rnЛуди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечинатаrnrnБаз и Нил останале во лунарната капсула некое време. Баз ја искористил оваа можност да ја направи првата причест на месечината. Ги замолил од Хјустон за момент тишина и ги замолил слушателите да размислат за слетувањето и да се заблагодарат на нивен начин. Потоа ставил вино на парче леб и го изел.rnrnОд НАСА биле загрижени за религиската активност на астронаутите на месечината бидејќи претходно имале слични проблеми. На Баз му било кажано дека може да направи причест, но да ја направи „погенерална“.rn

9. Екипажот бил ставен во карантин по враќањето

rnЛуди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечинатаrnrnДенес астронаутите го напуштаат вселенското летало и веднаш се мешаат со други луѓе. Но нештата биле поинакви во времето на Аполо 11. По враќањето од месечината, екипажот поминал 3 недели во карантин пред повторно да добие дозвола да се движи меѓу други луѓе.rnrnОва била претпазлива мерка бидејќи од НАСА не биле сигурни дали на месечината има смртоносни микроорганизми. Примероците од месечината и целата опрема биле испитани за микроорганизми, а екипажот бил набљудуван за нови инфекции.rnrnПрочитајте ги и овие факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете.