Не е тајна дека астронаутите имаат неверојатен живот и искусуваат работи што не ги пробал никој друг. Поради ова, веројатно имаат многу совети, трикови и тајни кои би сакале да ги споделат со нас. Од тајната за нивниот успех, до животот во вселената, можеме да научиме навистина многу од астронаутите.rnrn
rn
1. Ждригање
rnМожеби изгледа чудно, но ждригањето во вселената е невозможно. Односно можете да се обидете, но сигурно ќе повратите.rn
2. Повраќање
rnМногу астронаути повратиле во вселената и имаат разни начини да се справат со тоа. Всушност, многу астронаути минуваат 10 минути дневно во машина што им го тренира мозокот да не се дезориентира и да повраќа.rn
3. Замрзнат пржен коктел од ракчиња
rnИ јадењето во вселената си има свои предизвици. Дел од храната е навистина лоша и многу астронаути признале дека со недели јаделе само замрзнат пржен коктел од ракчиња. Наводно, само овој оброк го задржувал неговиот вкус и текстурата.rn
4. Миризба
rnИ вселената не е имуна на лошата миризба. Астронаутите со години кажуваат приказни за лошиот мирис во вселенските летала. Интернационалната вселенска станица е опремена со систем за филтрирање на воздухот, па лошите миризби се сведени на минимум.rn
5. Филмовите прават да изгледа лесно
rnФилмовите често го претставуваат патувањето во вселената како гламурозно и лесно, но тоа е сè освен точно. Всушност, новите астронаути имаат толку многу проблеми со нулта гравитација, што често се удираат во ѕидовите и ги кршат нивните шлемови.rnrn
rn
6. Бидете нула
rnАстронаутите имаат неколку тајни за нивниот успех, а една ќе ви изгледа навистина противречна. Тие сметаат дека треба да бидете нула. Односно повеќе слушајте ги другите наместо да давате мислење. Учете со слушање.rn
7. Кивање
rnЗамислете си да носите скафандер и да сакате да кивнете. Последното нешто што сакате да ви се случи е да го испрскате вашиот шлем. За да го решат овој проблем, астронаутите ја навалуваат главата кон градите и тогаш киваат.rn
8. Да бидете во вода не е исто како да сте во вселената
rnСите знаеме дека астронаутите тренираат во вода за да симулираат нулта гравитација. Проблемот е што да бидете во вода воопшто не наликува на престојот во вселената. Најчесто се тестираат под вода за нешта како работење под притисок во тешко опкружување.rn
9. Музика за будење
rnЗа кога ќе се разбудат веднаш да сфатат дека се во вселената наместо на Земјата, контролата или пријателите на астронаутите одбираат разна музика. Понекогаш тие се будат и со дијалог од филм или серија.rn
10. Не преувеличувајте
rnДруга тајна за успехот на астронаутите е да не преувеличувате. Ова изгледа навистина лесно додека не сфатите дека е дел од вашата работа.rnrn
rn
11. Трки
rnАстронаутот Стив Свенсон се тркал во вселената. Сигурно се прашувате како. Бил врзан на лента за трчање, додека неговите пријатели трчале на Земјата. Свенсон бил на Интернационалната вселенска станица и им се јавил од мобилен кога завршил.rn
12. Плашење
rnБидејќи лебдењето низ станицата не предизвикува никаков звук, навистина е лесно да му се прикрадете некому и да го исплашите.rn
13. Растење
rnКога астронаутите минуваат многу време во вселената, нултата гравитација прави да станат малку повисоки. Кога се враќаат на Земјата си ја враќаат „нормалната“ височина, а болката во грбот наводно била ужасна.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
