КАФЕ ПАУЗА

Ловец на соништа

Ловец на соништа

Автор: ЦветанкаrnrnrnДомородните Американци верувале дека ноќниот воздух е полн со соништа, добри, но и лоши. Ловецот на соништа тие го закачувале над креветите или близу до нив за да ги „фаќа“ соновите. Добрите соништа поминуваат низ пајаковата мрежа и се спуштаат надолу нежно по пердувите, така што често лицето не памти што сонувало. Лошите соништа пак, остануваат заробени во пајаковата мрежа и исчезнуваат при доаѓањето на новиот ден.rnrnЛовец на соништаЛовец на соништаrnrnЛовците на соништа потекнуваат од нацијата Оджибве, а за време на пан-индијанското движење од 1960-тите до 1970-тите години, тие биле присвоени од домородните Американци. Некои веруваат дека ловецот на соништа е симбол на унија помеѓу многубројните индијански нации и главен симбол на идентификација со домородните Американци или првите културни нации. Сепак, другите домородни Американци почнале да го сметаат ловецот на соништа за премногу комерцијализиран.rnrnЛовец на соништаЛовец на соништаrnrnАмериканската етнографка Френсис Денсмор во нејзината книга „Chippewa Customs“ (1929, повторно издадена во 1979, стр. 113) вели:rn
rn

„Дури и доенчињата беа заштитени со магија. Пример за тоа се овие ‘пајакови мрежи’ закачени над лулките. Обично биле закачени две пајакови мрежи над креветите и се велело дека ‘тие ги фаќаат’ сите лоши работи кои се вечерта во воздухот и сакаат да ни наштетат, како што пајаковата мрежа на пајакот фаќа сè што ќе дојде во допир со неа.“

rnЛовец на соништаЛовец на соништаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.