Човечкото тело го користи магнезиумот за многу телесни функции. Скелетот, кардиоваскуларниот систем и дигестивниот систем имаат потреба од магнезиум. Доколку во вашето тело постои недостаток од овој минерал, можат да се појават многу проблеми.rnrn
rnrnНиското ниво на магнезиум може да предизвика хронични болести како дијабетес, епилепсија, мигрена и многу други. Покрај потребата на телото за овој минерал, магнезиумот може да биде многу корисен и ефикасен природен лек.rn
Што му прави магнезиумот на телото?
rn
- rn 011
- Помага во синтезата на протеините, функцијата на мускулите и нервите и го регулира крвниот притисок и нивото на гликоза.
- Потребен е за производство на енергија, оксидативна фосфорилација и гликолиза.
- Структурниот развој на коските зависи од магнезиумот.
- Телото го користи магнезиумот за синтеза на ДНК и РНК.
- Му помага на телото да ги разнесе калциумот и калиумот низ клеточните мембрани.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Извори на магнезиум
rnПостојат неколку начини да ја задоволите потребната дневна доза магнезиум.rn
- rn 011
- Природно се наоѓа во многу видови храна, а постои и храна зајакната со овој минерал.
- Можете да го најдете како додаток во исхраната во форма на таблети, прашоци и сирупи.
- Магнезиумот е состојка на некои лекови, како на пример лаксативи.
rn 011
rn 011
rn
rn
Како да го користите магнезиумот како природен лек?
rn
Ја намалува болката
rnМагнезиумот можете да го користите против болка. Истражување од 2010-та година покажало дека магнезиумот всушност го блокира чувството на болка. Истражувачите откриле дека телото користи јонски протеински нервни рецептори преку кои се пренесува болката. Магнезиумот користи обратна јонска реакција и на тој начин влијае врз чувството на болка.rn
Ослободува од дисменореја
rnМагнезиумот може да ви помогне да ги намалите болките, грчевите и неудобноста за време на менструалниот циклус. Исто така тој ги намалува и болките пред и после менопаузата.rn
Ја намалува болката од артритис
rnМагнезиумот ги ублажува симптомите на артритис бидејќи го спречува воспалението на зглобовите и ги зајакнува слабите коски. Се препорачува да почнете да земате магнезиум порано за да го намалите ризикот од артритис во староста, особено ако редовно ги истегнувате вашите мускули.rn
Аналгетик за невропатска болка
rnМагнезиумот може да ја намали и силната невропатска болка. Овде спаѓаат повреди на грбот, дијабетска невропатија и синдромот на фантомски екстремитет. Кога станува збор за последното, магнезиумот го релаксира ткивото околу ампутираниот екстремитет, па така ја намалува болката.rn
Ги намалува главоболките и мигрените
rnВо овој случај најдобро е да го користите магнезиумот како превентива. Со други зборови, најдобро е редовно да земате магнезиум за да ја спречите појавата на главоболки и мигрени. Најчесто овие проблеми се поради напнатост, а магнезиумот ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста.rn
Лек за фибромиалгија
rnФибромиалгијата е хронична состојба карактеризирана со екстремен замор и болки во мускулите, најмногу во колената, лактите, вратот и задникот. Ова е неизлечива болест и често се контролира со лекови. Бидејќи магнезиумот ги намалува болките во мускулите и зглобовите, може да ви помогне со симптомите на оваа состојба.rn
Ја намалува постоперативната болка
rnДобро е да користите магнезиум пред и после операцијата со цел да ги опуштите мускулите и да ја зголемите отпорноста на болка. Нормално, магнезиум сулфатот се внесува преку вена со надзор од медицинско лице.rn
Предупредување
rnЛекарствата што имаат состојки како квинолон, бисфосфонати, тетрациклин и фелодипин можат да имаат лоша реакција со магнезиумот. Па, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар за лековите што ги земате и магнезиумот. Како и со секој додаток во исхраната, најдобро е да прашате професионалец којшто ќе ви каже дали има потреба да земате магнезиум.rnrnПогледнете и кои намирници содржат најголемо количество магнезиум.
